ПИВАРА СКОПЈЕ: СО ОХРИДСКО ЛЕТО СОЗДАВАМЕ МОМЕНТИ ЗА ПАМЕТЕЊЕ

Благодарен сум за ова престижно признание и за можноста која ја имав во изминатата деценија, заедно со мојот тим, да дадеме поддршка и оставиме и свој личен белег во развојот и промоцијата на фестивалот Охридско лето, манифестација каде творат и изведуваат најславните светски имиња на културата, музиката и теaтарот.

Вистинска привилегија е да се соработува со тимот од извонредни професионалци од Фестивалот Охридско лето и заеднички да ја поддржиме и унапредиме оваа исклучително важна платформа во промоција на различните уметнички изрази кај нас и во поширокиот регион, позиционирајќи го Фестивалот Охридско лето во семејството на најреномираните меѓународни манифестации.

Имајки ја предвид нашата посветеност за заштита и промоција на културното наследство – природно се дефинираше нашата улога во понатамошно унапредување на децениско стратешко партнерство помеѓу Пивара Скопје и фестивалот Охридско лето.

Во годината, кога зад нас го оставаме големиот јубилеј од 100 години постоење на Пивара Скопје, Ве уверувам дека и во иднина ќе го продолжиме нашето долгогодишно партнерство во различни форми и посакувам и понатаму заеднички да создаваме уште многу моменти вредни за паметење.

Ламбро Патче

Директор за Корпоративни Политики и Одржлив Развој

Пивара Скопје