Собрани драми, книга четврта (промоција на книгата од Горан Стефановски)

Горан Стефановски е роден во Битола, на 27 април 1952 година, и е еден од најзначајните македонски драмски писатели. Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал на тема „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“. Работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година е професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Моментно живее и работи во Англија. Член е на Македонскиот ПЕН центар и член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година. Од 2004 година е член на Македонската академија на науките и уметностите.

Четвртата книга со собрани драми ја сочинуваат драмите: „Одисеја“, поставена на сцената на театарот Улисис од Загреб во режија на Александар Поповски, „Огнени јазици“ поставена во Драмскиот театар во Скопје во режија на Слободан Унковски, „Figurae veneris historiae“ поставена во Словенско народно гледалишче Драма од Љубљана во режија на Александар Поповски.

 

19.08.2015

Куќата на Уранија

19:00

Во подготовка за 56-то издание на фестивалот Охридско Лето

12.07.2016

21:00

1 17 18 19