АРХЕЛАОС или ЕВРИПИД СЕ ВРАЌА НА БАЛКАНОТ ОД ЈОРДАН ПЛЕВНЕШ

 

 

 Дали Создателот  на Светот ( ваков каков што е ), кога стои пред своето дело, се запрашал за смислата на првата Жртва? Дали го гризе совеста? Дали Создателот има совест? Дали кога би имал пригода некако поинаку би го построил светот? Што најпрво би променил? Можеби Каин не би го убил Авела? Можеби Аврам не би го жртвувал Исака? Можеби ерусалимската толпа би одбрала еден од разбојниците да биде распнат, наместо Исус?....

Театарот ја преиспитува состојбата на Светот – сега и овде!

А „ Светот не е само едно место

Светот се сите места во едно“

Во сите цивилизации присутна е Жртвата, во Западната – особено!

Создателот – Еврипид го обзема пред смртта мислата „ дека народите на светот заслужуваат да почнат сосема поинаку отколку што мислев кога бев млад“ и сака, да ја промени трагедијата, да го избрише жртвувањето на Ифигенија, со кое се почна, а светот да стане подобар и помалку крволочен.

 Трагањето на Еврипид ( заедно со чиракот Александар Ајго ), испишано по камените плочи, е патешествие низ вековите и низ митовите, низ магиските песни и низ ритуалните дејствија. На тој пат, кон сопствената сенка,Еврипид се среќава со Хорот од жртви ( седум девојки, кои некогаш се Лепи Ангелини, некогаш се Доронтини, некогаш се Ифигении...) што талка низ балканските планини...Тие се во потрага по своите Создатели.

Она што го гледаш не е вистина,

Вистина е она што не можеш да го видиш,

Да го откриеш по цена на

Животот пред смрт или по

Смрт.

 

 

 

 Владо Цветановски рoден е 1959 година. Дипломирал на Академијата за уметности во Нови Сад на одсекот за интермедијална  режија, во класата на професор Боро Драшковиќ . Работи како професор по Актерска игра на факултетот за драмски уметности - Скопје.

Има реализирано ололу педесет претстави во македонските театри на просторите на бивша Југославија, каде освоил значајни награди на фестивалите, „ Стерјино позорје“, „МЕСС“,„ Војдан Чернодрински“,„ Охридско Лето“ и  др.

За МТВ има реализирано неколку документарни филмови за македонските традиционални обележја.

Добитник е на пoзначајни награди, од кои се издвојуваат  нaградата на  Млад борец , вoнредна Стерјина награда за претставата во целина, пeт награди за најдобра претстава во целина на МТФ Војдан Чернодрински, четири награди за најдобра режија на истиот фестивал.

Неговите претстави, и од македонските и од сведските театролози, најчесто биле вреднувани како богати визуелни глетки, структурирани по принципот на филмскиот јазик.

Режирал повеќе документарни филмови како и играниот филм ТАЈНАТА КНИГА .

 

Режија: Владо Цветановски

Драматуршки соработник: Ратко Дуев

Костимограф: Елена Дончева

Сценограф: Владо Ѓорески - Рафик

Музика: Константин Плевнеш

Звучен дизајн: Валентин Скендеровски

Асистент на режија: Саша Нацевски

Инспициент: Жарко Намичев

Суфлер: Жаклина Цветковска

Тон - мајстор: Димитар Илиоски

Светло мајстор: Игор Георгиев

 

 

Улоги:

 

 

ЕВРИПИД

РУБЕНС МУРАТОВСКИ

АЛЕКСАНДАР АЈГО

ИГОР АНГЕЛОВ

МАКАРОН ПРИТАНИС - Претседателот на бесмртните

ЖАРКО ДИМОСКИ

 

ХОР ИФИГЕНИИ ОД БАЛКАНОТ:

 

ИФИГЕНИЈА ОД ТУРЦИЈА

ТРАЈАНКА ИЛИЕВА

ИФИГЕНИЈА ОД АЛБАНИЈА

ВАЛДЕТА ИСМАИЛИ

ИФИГЕНИЈА ОД ЦРНА ГОРА

ГОРДАНА ЕНДРОВСКА

ИФИГЕНИЈА ОД СРБИЈА

МАЈА ВЕЉКОВИЌ - ПАНОВСКА

ИФИГЕНИЈА ОД БУГАРИЈА

КАЛИНА НАУМОВСКА

 

21.07.2012

„ Заливот на коските“ – Охрид

21:00

Инсталација во простор на академскиот сликар Тања Балаќ – Р.Македонија

 

 

 

Тања Балаќ е родена во 1968 година во Скопје. Дипломира во 1991 година на факултетот за ликона уметност во Скопје со специјалност живопис. Во 2003 година реализира студиски престој во Париз. Од 1991 година е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија-ДЛУМ. Од 2006 година е претседател на ДЛУМ. Во својот творечки пат Балаќ досега реализирала над 12 самостојни изложби, учествувала во повеќе од 80 групни изложби во Македпнија и во странство.

Во 1992 година, таа доби награда за изложбата „ Жена – Симбол и инспирација“, Дом на култура „ Кочо Рацин“- Скопје, а во 1995 година наградата за млад автор                       „ „Константин Мазев“ за изложбата „ Живопис мал формат“ во  КИЦ Скопје. Балаќ во 1996 година ја доби наградата за живопис „ Методија Ивановски-Менде “ за  изложбата „Живопис мал формат“ во КИЦ Скопје, во 2001 година наградата за цртеж „ Никола Мартиновски “ за изложбата на ДЛУМ,  а во 2003 година наградата за живопис за изложбата „ Пејсаж “ на ДЛУМ.

Инсталацијата за изложбата е од тематската инсталација „SEXPRESIJA“

Темна соба 4 x 4 м. Ѕидовите се обложени со црно платно врз кое со крваво црвени букви се испишани одредени текстови кои се однесуваат на љубовта.

Во средината е поставена кукла ( облепена цела со весници и врз неа се испишани безброј текстови, мисли, цитати со црвена боја ) таа е во димензии отприлика 160 см и е седната на стол кој се врти полека цело време....

Врз неа е вперено сценско сноп светло кое ја осветлува само куклата, а горе на страните на плафонот се поставени УВ светла кои пак ги осветлуваат текстовите на ѕидовите.....се останато е темно.....

Важен дел е музиката,која го следи  настанот цело време, испреплетена со гласови и дијалози.....

Се на се впечатокот е автентичен....публиката е воодушевено збунета со чувство на страв, фантазија, убавина......

 

22.07.2012

куќа на семејството Касапоски

21:00

ФРАНЦУСКИ ВЕЧЕР на фестивалот „Охридско лето“ КВАРТЕТ „АРДЕО“ (Франција)

 

  

 

Квартетот „Ардео“ е формиран во 2001 година на Парискиот национален конзерваториум за музика и драма и денес е еден од најреномираните француски камерни ансамбли. Совршената уметничка цврстина на Ардео се потпира врз хармоничноста меѓу членовите и нивната посветеност на заедничкото музицирање. Бројните меѓународни награди се доказ за извонредните квалитети на ансамблот.„ Ардео квартет“ настапувал во престижни сали и фестивали низ Европа, а неговите членови имале привилегија да настапуваат на истата сцена со престижни музичари како: Давид Кадоух, Владимир Менделсон, Евгениј Корољов, Марио Брунело, Кристоф Рихтер и многу други. Интересот на ансамблот за современата музика им овозможи соработки со композиторите Џонатан Харви, Каија Сааариахо и Едит Канат де Чизи. Нивниот прв компакт диск, издаден во 2007 година стекна позитивни оцени од меѓународната критика. 

  

 

Концертот е  поддржан од Охридска банка Societe Generale Group, Францускиот културен центар во Македонија и Амбасадата на Република Франција во Македонија

23.07.2012

Света Софија

21:00

Концерт на Македонски Артисти

Љубиша Кировски дипломирал и магистрирал на ФМУ, во класата на проф. Зоран Димитровски со посебна пофалба Сum laude. Настапува како солист со Македонската Филхармонија, со камерниот оркестар на МФ на турнеја во Шведска, и како солист со Санкт Петербуршката капела и камерниот оркестар Скопски солисти. Особено е забележителна неговата изведба на шестте сонати за соло виолина од Е. Изаи во една вечер. Бил концерт мајстор на МОБ и МФ. Сега е вонреден проф на ФМУ, и од 2011 претседател на СМУМ.

 

Маја Шутевска Кировска дипломирала и магистрирала на ФМУ во класата на проф. Тодор Светиев со посебна пофалба Сum laude. Забеле жителни се нејзините настапи како солист со Македонската филхармонија, на Интерфест – Битола, ДММ,  Настапува и како чембалист со оркестарот на МММ, на Охридско лето и  БЕМУС. Добитник е на повеќе награди за пијано и камерна музика , од кои се истакнува четвртото место на Меѓународниот натпревар во Сан Бартоломео – Италија. Работи како професор во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

Како дуо настапуваат веќе 19 години и имаат реализирано бројни настапи во: Лондон, Њујорк, Италија, Швајцарија, Северен Кипар, Хрватска, Полска, Бугарија, Германија и на сите позначајни фестивали во Македонија. Специјализирале камерна музика на Европската Моцарт Академија во Полска, и на Летната Академија во Лозана кај Пјер Амојал и Павел Гилилов каде биле избрани меѓу трите најдобри дуа. Во 1998 се добитници на Специјалната награда на ЦЕИ, на Меѓународниот натпревар „ Трио ди Триесте“  во Италија. Во 2004 ја добиваат наградата „Златна лира“, за врвни уметнички достигнувања која ја доделува СМУМ. Нивниот репертоар опфаќа дела од барокот до музиката на 20 век со над 50 сонати за виолина и пијано од кои повеќето биле премиерни изведби во Македонија. Посебно го негуваат македонското творештво  и на репертоарот имаат дела посветени токму за нивниот состав од повеќе македонски композитори. Имаат снимено три компакт диска во живо, од кои третиот е тројно издание и содржи три коммпакт дискови, еденн е  со дела од македонски композитори.

 

Страшо Темков е прв флејтист солист на Македонската филхармонија, член е на „Македонскиот дувачки квинтет“ и на ансамблот за современа музика „Св.Софија“. Како солист има реализирано повеќе рецитални програми и солистички настапи со:Макединската филхармонија, Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, Македонскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар на Француско – американскиот музички колеџ. Гостувал во Франција, Бугарија, Србија, Хрватска и САД. Темков е вонреден професор по флејта на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а во 2002 години го сними своето прво ЦД.


Ана Гацева е вонреден професор по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Гацева е првиот доктор на науки по пијано интерпретација во Македонија. Тезата во 2007 година ја одбранила под менторство на светски познатиот пијанист Сајмон Јанг, професор на Тринити колеџот од Лондон и д-р Димитрије Бужаровски. Во Париз дипломирала и магистрирала камерна музика на реномираната Академија Екол Нормал Алфред Корто, стекнувајки се со диплома за високо образование, како и со највисоката европска диплома за постдипломски студии – диплома за концертист кај проф. Јаса и проф. Дебуши. Паралелно се усовршува кај врвниот педагог и пијанист М. Дешосе. Лауреат е на повеќе  државни и меѓународни награди. Ана Гацева се вбројува меѓу најуспешните солисти во Македонија.


Владимир Костов ги завршува студиите по виолина на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Михајло Куфујонакис. Магистрира во класата на истот професор. Костов е единствен музичар од Македонија кој повеќе пати е избиран да членува во реномираниот Светскиот оркестар на Музичката младина, настапувајќи на турнеја по Европа, Америка и Азија и соработувајќи со врвни диригенти (Јаков Крајцберг, Курт Мазур) и солисти (Ана Софи Мутер, Xемс Енес, Даниел Мулер Скот). Костов е водач на повеќе камерни оркестри и ансамбли меѓу кои: Камерниот оркестар за современа музика „Алеа", камерното студио за барокна музика „Бахус", квартетот „Бревис", основач е на клавирското трио ВАМ, редовен член е на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, како и на Младинскиот оркестар на Музичка младина на Македонија. Моментално работи како концертмајстор во Македонската филхармонија.



Марија Вршкова е родена во Битола каде го завршува основото и средното музичко образование. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност – Скопје со највисоката оцена "CUM LAUDЕ" во класата на проф.Т.Светиев кај него ги завршува и магистерските студии по пијано. Вршкова има посебен афинитет кон современата музика, совладувајќи ги најновите пијанистички техники. Реализирала голем број на светски премиерни изведби на солистички и камерни дела, не само од македонски, туку и од странски автори. Како солист и камерен музичар настапувала во: Турција, Хрватска, Холандија, Германија, Полска, Велика Британија, Украина, Италија, Бугарија, Русија.

 

Концертот се реализира со соработка со Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ) и Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ).

26.07.2012

Света Софија

21:00

ИЗЛОЖБА „НОВИ СВЕДОЦИ НА ХОЛОКАУСТОТ“

 

Изложбата „Нови сведоци на холокаустот“ преставува различни пристапи, доживувања и толкувања на една од најголемите човечки трагедии. Една од основните специфики на оваа изложба е согледувањето дека во сите дела, независно  oд тоа дали се тие апстрактни или се движат во рамките на фигурацијата и предметноста, силно е присутна симболиката, додека претставите се движат во дијапазон од мрачни кон трогателни дела како опомена за страдањето до слики со длабоко прочистени хуманистички и универзални пораки.

 

           Во спомен на сите настрадани, а со намера да се зачува од заборав трагичната судбина на еден народ, да се прикаже страдањето на другите што може да биде и наше, но и да се разбере една речиси загубена култура и традиција на ова поднебје, учесниците на колонијата и изложба „Нови сведоци на холокаустот“ со своите творби даваат свои придонес кон разбирањето, соживот, пријателство, толеранција...

 

 На оваа изложба активно учествуваат петнаесетина уметници: Сара Ајник од Израел (идејниот творец на проектот), Бурхан Амети, Нехат Беќири, Атанас Ботев, Ненад Ѓорѓевиќ, Христина Зафировска, Верим Зендели, Татјана Манева, Никола Пијанманов, Наташа Божарова – Пијанманова, Маријета Сидовски, Анета Ивановска – Симјановска, Тања Таневска, Денис Танев и Орхан Ќамилов, сите од Македонија.

 

          Проектот „ Нови Сведоци на Холокаустот “ е реализиран во соработка со Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и меморијалниот центар „ Јад Вашем “ во Ерусалим.

 

 „ДЕТСКА ПРИКАЗНА“

Детски цртежи од гетото Терезин 1943-1944  

 

Кога Терезин/Терезиенштат, голем транзитен концентрационен логор за Евреи главно од Чехословачка и Германија, беше ослободен во мај 1945 година, биле најдени околу 4000 детски слики и цртежи. Зачудувачки, нацистите не ги уништиле детските уметнички дела откако децата биле депортирани во логорот на смртта Аушвиц.

 

Во мрачните и запуштени услови во гетото Терезин/Терезиенштат еврејските власти можеле да организираат часови по музика и уметност за децата помеѓу јули 1942 и септември 1944 година.

Под стручен надзор на нивниот учител по уметност, Фридл Дикер-Брандаис, децата биле охрабрувани да ги искажуваат своите чувства во уметничките дела. Децата го сликале нивното опкружување во гетото во нивните цртежи и слики со водени бои, но го сликале и она што им останало во сеќавање пред да бидат депортирани во логорот.

 

Помеѓу нив биле и деца кои никогаш не добиле шанса да го насликаат она за кое сонувале. Сликите од нивните врсници од Терезиенштат говорат и за нив како и за сите други убиени деца кои не можеле да остават сведоштво зад нив.

 

Изложбата „ Детска приказна “ е реализирана во соработка со Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија и амбасадата на Р.Чешка во Р.Македонија.

 

 

27.07.2012

Центар за култура „ Григор Прличев “

20:00

Дино Имери(пијано) - Македонија

Дино Имери (1990) е еден од најуспешните македонски пијанисти од помладата генерација. Студиите ги завршува на ФМУ во Скопје, во класата на проф. Борис Романов. Неговиот музички талент го носи во некои од најзначајните музички центри во Македонија и надвор од неа. Имери е често пати солист со Македонската филхармонија, а одржал и солистички рецитали во Музеј на град Скопје, на фестивалите „Охридско лето“, „Интерфест“ - Битола, Епидаурус во Хрватска, Пијано Плаж фестивал во Франција, како и во Австрија во познатиот Лист центрум во Рајдинг (родното место на Франц Лист), салата на конзерваториумот „Јозеф Хајдн“ во Ајзенштадт, на сцената на Императорската сала на замокот Естерхази, секаде добивајќи блескави признанија од критиката и публиката. Имери неодамна беше ангажиран од Европската пијано програма - проект поддржан од Европската комисија кој што содржи концерти, семинари, проекти во Македонија, Австрија, Франција, Полска и Молдавија. Дино Имери учествувал на семинари со познати професори како Борис Романов, Станислав Тихонов, Ралф Хајбвер и Пол Гулда. Во своето досегашно пијанистичко искуство, Дино Имери се здобива со многу значајни признанија и награди меѓу кои: Прва награда на Државниот натпревар по музика во Скопје (2000 год.), Втора награда на Интернационалниот пијано натпревар Моцартијана - М (2006 год.), Награда за најдобар професионален и уметнички настап од фондација ''Благовестие'' на истиот натпревар, Прва награда на Државниот натпревар по музика во Битола (2007 год.), Прва награда со максимум бодови на Полифон натпревар на ФМУ како најмлад учесник (2009 год.), Magna Cum Laude почести за својот испит во трета година по пијано (2011 год.).

28.07.2012

Света Софија

21:00

ПОЛ МЕЈЕР – кларинет (Франција) АНТОНИО СОРИЈА – пијано (Шпанија)

 

Пол Мејер е најпознатиот современ француски кларинетист и еден од најпризнатите светски уметници на својот инструмент. Лауреат е на повеќе натпревари. Мејер е исклучителен интепретатор на модерна музика.  Тој изведувал светски премиери на дела од: Герд Кир, Кшиштоф Пендерецки и Лучано Берио. Реализирал снимки на помалку познати дела од традиционалниот репертоар за кларинет, меѓу кои дела за виола и кларинет од Макс Брух заедно со Жерар Косе, два концерти за кларинет од Игназ Плејел во соработка со Жан-Пјер Рампал, како и делото „Симфонија кончертанте“ од Франц Данци.  Соработувал со многу диригенти како: Емануел Кривине, Гунтер Хербиг, Еса-Пека Салонен, Јехуди Мењухин, Јиржи Максимиук, Кент Нагано, Давид Цинман, Мајкл Гилен, Лучано Берио. Негови партнери во камерното музицирање биле: Ерик ле Саж, Жан-Пјер Рампал, Жерард Косе, Мариа Жоао Пирес, Јури Башмет, Гидон Кремер, Јо Јо Ма, Мстислав Ростропович, Владимир Спиваков, Барбара Хендрикс, Натали Десај, Гил Шахам и ред други виртуози од светот на класичната музика. Мејер остварува богата кариера и како диригент на повеќе оркестри, вклучително Филхармонијата на Сеоул и Филхармонијата на Копенхаген, а во прилог на ова, тој е и шеф-диригент на Tokyo Kosei Wind Orchestra.

Антонио Сорија е концертен пијанист  и извонреден професор по пијано, камерна музика, оргули и музичка теорија. Најголемо признание од светските критичари добива за издавањето на сетот од 16 компакт дискови со целокупната музика за пијано на Хоакин Турина, за кој добива две награди. Како солист настапувал на рецитали во повеќе земји во Европа, САД и Бразил, остварил успешни концерти и како солист со повеќе оркестри. Сорија добива признанија од критичарите за неговиот придонес во афирмација на музиката на Итурби и Де Лароча. Сорија е доктор по естетика на музика и музичка креативност и професор на Конзерваториумот за музика во Кастељон, Шпанија, како и гостин предавач на меѓународни мајсторски курсеви за музичка интерпретација.

Концертот е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Шпанија во Република Македонија

29.07.2012

Света Софија

21:00

ЧОВЕКОТ ПЕРНИЦА Од Мартин Мек Донах

 

Претставата „Човекот перница" од ирскиот  драматург Мартин Мек Донах  во режија на Јавор Грдев во 2004 година добива награда „Лоренс Оливие" за најдобар театарски текст.

Како трилер во духот на Кафка, Браќата Грим и Дејвид Линч истовремено, претставата  изобилува со црн хумор. Животот на ликовите е опфатен во серија на криви огледала ( како нејасна граница меѓу реалноста и фикцијата ) и го поставува прашањето за насилство врз децата, насилството на државата во врска со нејзините граѓани, насилството како тема на креативноста и правото на сопствениот идентитет.

 Силна  музика. Добро осветлена просторија за сослушување. Биро со куп папки. Човекот перница започнува со тресок!

 Ако не беше драма, ниту сон, можеби требаше да биде тоа што е. Одење. Се поназад и подлабоко во митска гора.

Одеднаш се сопнуваме на нешто. Ковчеџето! Ковчеџето - дрвено, темно, со натпис: „Човечка тајна". Но, каде е клучот?

Претстои авантура... Ја заобиколуваш земјата, во должина и во широчина. Тибет,Тимбукту, Лос Анџелес, Даблин. Набљудуваш низ прозорци  навлегуваш во  книги  и во Гугл. Осознаваш - светот е застрашувачки. 

Се нурнуваш длабоко во морето, со боци со кислород, леташ со цепелин. Патуваш во времето... Се среќаваш со кралеви, филозофи и  вљубени суштества. Прашуваш пророци за златниот клуч.

Конечно се враќаш  во своето детство. Таму, има приказни мрачни,  и, допираш ... клучот. Го  отклучуваш ковчеџето и  полека капакот се крева. А внатре - човечката тајна наречена едноставно: имагинација.

Човекот перница  е свет, не во сонот, не на јаве, светот сега.Истовремено  човечки ...  кошмар. Човекот перница  завршува со тресок!

 Режија: Јавор Грдев

Сценографија: Никола Тороманов 
Музика: Калин Николов
Костими: Никола Тороманов 
Превод: Искра Николовa

 

 Улоги:

 Пенко Господинов,

 Михаил Мутафов,

Стојан Радев

 Никола Мутафов

Јован-Мика Димитров

30.07.2012

Дом на култура "Григор Прличев"

21:00

„Леб и сол Symphony” JEUNESSE MOVING ORCHESTRА

 

 

Проектот „Леб и сол Symphony“ претставува заедничка уметничка креација на членовите на култната македонска музичка група „Леб и сол“ (Кокан Димушевски - клавијатури, Бодан Арсовски - бас, Димитар Божиков - гитара и Михаил Парушев - тапани) со камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија - Jeunesse Moving Orchestra и диригентот Саша Николовски – Ѓумар.

 

 

Историјата на современото македонско творештво на маркантен начин е обележана со музиката која зад себе ја остава групата „Леб и сол“, во која длабоко е вткаен прогресивниот музички израз. На овој концерт на публиката ќе и биде понудено најквалитетното од репертоарот на „Леб и сол“, донесено низ звукот на класичниот оркестар - звук кој сугерира една сосема поинаква димензија, која претставува логична последица на 35-годишната кариера на бендот.

 

 

Оркестрациите на Кокан Димушевски  за JEUNESSE MOVING ORCHESTRA нудат сосема поинакво видување на популарните композиции на „Леб и сол“, меѓу кои „Деветка“,  „Бистра вода“,  „Учи ме мајко карај ме“, „Ајде сонце зајде“,  „Леб и игри“,  „Галеб“,  „Си заљубив  едно моме“, „Параматма“,  „Скакавац“,  „Јовано Јованке“,  „Како ти драго“,  „Ручни рад“, „Астролаб“, „Локомобила“. Овие композиции содржат специфична фузија на амбиентот,  драматургијата и романтиката на класичниот звук и уникатната  музичка  филозофија наречена ЛЕБ И СОЛ.

 

01.08.2012

Центар за култура „Григор Прличев“

21:00

2CELLOS: Лука Сулиќ (Хрватска) Стјепан Хаузер (Хрватска)

Метеорскиот успех на дуото 2CELLOS започна кога поранешните „ривали“ на виолончело Лука Сулиќ и Стјепан Хаузер ги здружија своите креативни сили. Нивната верзија на песната „Smooth Criminal” на Мајкл Џексон, која се појави на музичкиот канал YouTube во 2011 година, за само неколку недели стана светска сензација. Ова водеше кон потпишување на договор со Sony Masterworks за снимање на носач на звук, и покана од Елтон Џон да настапат на неговата светска турнеја.  Дуото учествувало на повеќе популарни телевизиски шоуа во Европа и Америка. Лука Сулиќ и Стјепан Хаузер свират виолончело од рано детство. Сулиќ го стекнува своето образование на Royal College of Music во Лондон, додека Хаузер на Royal Northen College of Music во Манчестер. Настапувале во реномирани концерти сали како Wigmore Hall и Royal Albert Hall во Лондон, салата Convergebouw во Амстердам, Konzerthaus и Musikverein во Виена. Лука Сулиќ е добитник на повеќе меѓународни награди, вклучително и на Прва и Специјална награда на Меѓународниот натпревар Лутославски во Варшава. Стјепан Хаузер е добитник дури на 21- на прва награда на меѓународни натпревари. Тој беше последниот ученик на големиот Мстислав Ростропович. Два пати настапувал и за Принцот Чарлс во Бакимгенската палата во Лондон. 

02.08.2012

Антички театар

21:00

1 2 3 4 19