ФЛОРАЛЕДА САКИ – харфа (Италија) ЏУЗЕПЕ НОВА – флејта (Италија)

 

Опишана од страна на музичките критичари како уметник со исклучителна музикалност и талент, Флораледа Саки е една од неколкуте харфистки во светот што настапувала во концертни сали на 4 континенти. Денес, таа се смета за една од највпечатливите и најоригинални харфистки на светските концертни подиуми. Критичарите, исто така ја сметаат за вистински иноватор во приодот кон изведбата на својот инструмент. Нејзините носачи на звук се веќе дел од музичката историја на харфата. Една од нејзините снимки на барокни дела се најде и на албумот “Classica 2011” на Deutsche Grammophon, заедно со големи имиња од светот на класичната музика како: Абадо, Баренбоим, Ланг Ланг и други. Повеќе реномирани композитори специјално напишале дела за неа. Нејзината листа на награди вклучува 16 признанија на интернационални конкурси. Паралелно со музиката, таа студира и англиски, француски и германски, а се посветува и на фотографија и пишување. На полето на музикологијата, Саки  на 21 година станала добитник на наградата Harpa Award за монографијата за Елиас Парис Алварс и сеуште се смета за најголем светски експерт за овој автор.

Џузепе Нова е реномиран флејтист, чии изведби од критичарите биле оценети како „шармантни“, „преобрзувачки...со исклучително чувство за музика“, „со магија и виртуозност“, „музичка уметност во целата своја перфекција“, „едноставно божествено“. Тој е еден од најистакнатите флејтисти на својата генерација со брилијантна кариера, која вклучува настапи на најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка и Азија. Бил солист со реномирани оркестри, а е еден од најбараните предавачи на мајсторски курсеви ширум светот. Неговата дискографија е мошне богата и вбројува соработки со истакнати изведувачи: Максенс Ларие, Бруно Канино, Арнодло Фоа, Волфганг Шулц и познатиот оркестар Camerata Tokyo. Нова свири на златна флејта од 19.5 карати, специјално изработена за него. 

03.08.2012

Света Софија

21:00

Хор „ПЕРПЕТУУМ ЏЕЗИЛЕ“ (Словенија)

 

Хорот „Перпетум Џезиле“ од Словенија е светска вокална атракција. Неговите изведби критичарите ги оценуваат како динамични, богати со хармонии и моќни ритми и полни со хумор и шарм.  „Перпетум Џезиле“ исполнува разновиден и богат репертоар на џез и популарна музика, користејќи широк спектар на џез стилови и комплексни хармонии во тесен слог. Составот е инспириран од вокалистот и аранжер Џин Пуерлин, како и вокалните групи The Singers Unlimited и The Swingle Singers. „Перпетум Џезиле“ изведуваат џез, блуз, боса нова, свинг, фанк, госпел и поп музика a cappella.  Ансамблот е добитник на награди на натпреварите по вокална џез музика Vokal. Total и IVGF во Холандија, како и на Хорската олимпијада во Грац, Австрија, во 2008 година. Секоја есен во Љубљана, „Перпетум Џезиле“ одржува концерт насловен како Vokal Xtravaganza, на кој гостуваат домашни и странски ѕвезди од вокалната џез и популарна сцена. Во 2006 година, хорот го издаде албумот Čudna noč под етикетата на Dallas Records и стана добитник на престижната награда „Виктор“ во 2010 година, која е еквивалент на наградата Греми. Youtube видеото на песната „Африка“ од неговото издавање во 2009 година до сега е изгледано над 13 милиони пати, а нивната изведба беше поздравена од еден од авторите на песната, David Paich. Во летото 2011 година, ансамблот ја реализира својата прва светска турнеја, настапувајќи во Хрватска, Чешка, Германија, Канада и САД. Нивниот репертоар на турнејата вклучи композиции на: The Beatles, Van Halen, George Benson, Earth, Wind and Fire, Lady Gaga, како и џез стандарди.

 

Концертот е посветен на одбележување на дијамантскиот јубилеј – 60 години од Европската асоцијација на фестивали (ЕФА)

52 години „Охридско лето“

60 години ЕФА

 

04.08.2012

Антички Театар

21:00

НИКИТА БОРИСО-ГЛЕБСКИ – виолина (Русија) МИЛОШ ПОПОВИЌ – пијано (Белгија)

 

Никита Борисо-Глебски е еден од највпечатливите руски виолинисти на денешницата.  По дипломирањето на Конзерваториумот „Чајковски“ во Москва, во класите на професорите Едуард Грач и Татјана Беркул, тој стана резидент-артист на Chapelle Musicale Reaine Elizabeth во Белгија, под водство на Аугустин Думаи. Од 2007 година, тој е ексклузивен уметник на Московското филхармониско здружение. Борисов-Глебски стекна интернационална слава по победата на Интернационалните натпревари по виолина „Јан Сибелиус“ и „Фриц Крајслер“ во 2010 година. Во текот на својата досегашна кариера е награден со највисоки признанија на престижни светски натпревари, како „Чајковски“, „Queen Elizabeth Competition” и Натпреварот за музика во Монтреал.  Концертирал со повеќе руски и европски оркестри, вклучително и Симфонискиот оркестар „Марински“, Рускиот државен симфониски оркестар, НДР Симфонискиот оркестар од Хановер, Камерниот оркестар „Amadeus“, како и Државниот оркестар на Литванија, под диригентската палка на диригенти како: Валери Гергиев, Кристоф Попен, Давид Герингас, Јури Симонов, Максим Венгеров. Редовно настапува на најголемите фестивали во Европа, а во прилог на неговите соло концерти и рецитали е и  соработката со реномирани музичари како: Родион Шчедрин, Наталија Гутман, Аугустин Димаи, Борис Березовски, Александар Книазев, Рафаел Валиш, Џијан Ванг и многу други. Во 2009 година, на Борисов-Глебски му беше доделена специјалната награда – Виолинист на годината од Фондацијата „Маја Плисецкаја и Родион Шчедрин“.

Милош Поповиќ на 11 години ја освојува Втората награда на натпреварот за млади пијанисти „Артур Рубинштајн“ во Париз, а потоа на 12 години и Првата награда на истиот натпревар. Понатаму следуваат награди на конкурси во Србија, Австрија и Италија. Средбата со пијанистот Евгениј Могулиевски одигрува огромно значење во неговата идна наобразба како пијанист.  Поповиќ се запишува на Кралскиот конзерваториум во Белгија. Дипломира со почести на Queen Elizabeth College of Music во Белгија. Во 2004 година станува лауреат на Белгиската фондација на млади солисти, а во 2008 година се стекнува со Втората награда на Интернационалниот натпревар  „Guiliano Pecar" во Италија.

06.08.2012

Света Софија

21:00

КАМЕРЕН ХОР „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – Македонија

Камерниот мешан хор „Св. Климент Охридски“ е формиран во 1992 за потребите на Македонската православна црква, односно сослужение на неделните и празничните литургии во црковниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, како и за учество на разни пригодни свечености во рамките на МПЦ. Хорот е составен од професионални пејачи, вокални педагози и хорски уметници. Негов уметнички директор и диригент е Панче Јосифов. Хорот редовно ја изведува првата македонска православна литургија „Литургијата на Св. Јован Златоуст“ од композиторот Атанас Бадев. Покрај богатиот репертоар на православна духовна музика, хорот на својот репертоар вклучува и дела од старите мајстори, како и композиции од периодот на романтизмот, фолклорни  и црковни дела од западната римо-католичка провиниенција. Хорот е присутен на концертните подиуми во Македонија и странство и е редовен учесник на хорски меѓународни фестивали. Од македонските автори, хорот извел оригинални композиции од Кирил Македонски, Драгослав Ортаков, Томислав Зографски, Сотир Голабовски, како и дешифрации и хармонизации на духовни композиции од 8. и 9. век од подрачјето на Македонија. Камерниот хор „Св. Климент Охридски“ досега неколкупати настапувал на фестивалот „Охридско лето“, одржал многубројни целовечерни концерти во Македонија, Полска, Бугарија, Италија и други земји. Хорот учествувал на повеќе меѓународни фестивали на православна духовна музика, каде се стекнал со награди и признанија.

08.08.2012

Св. Софија

21:00

ЗАМИР КАБО – пијано (Албанија)

Замир Кабо е роден во Тирана, каде започнува да учи пијано на многу рана возраст. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на Борис Романов со cum laude, а магистрира кај истиот професор во 2011 година. За време на студиите неколку пати е избран да настапува со Симфонискиот оркестар на ФМУ. Учествувал на семинари и мајсторски курсеви низ Европа каде работел со познати уметници, меѓу кои Тил Хенгел, Џерард Фреми, Арбо Валдма, Дмитри Башкиров, Франческо Монополи и многу други. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои Гранд при наградата на натпреварот „ЕПТА“ во Албанија во 2005 година, Прва награда на натпреварот „Шопен“ во Тирана (2002, 2003, 2004), како и на натпреварот „Фредерик Шопен“ во Рим во 2001 година. Настапувал со Симфонискиот оркестар на Будимпешта, со Симфонискиот оркестар на ФМУ во Скопје, со Симфонискиот радио и симфониски оркестар на Албанија. Кабо е професор на Академијата за уметности во Тирана.

09.08.2012

Света Софија

21:00

СЕДРИК ТИБЕРГЈЕН – пијано (Франција)

Седрик Тибергјен е еден од најзначајните претставници на модерниот француски пијанизам. Школуван  на Националниот конзерваториум во Париз, тој е добитник на бројни меѓународни награди и признанија. Неговата богата интернационална кариера вклучува настапи на пет континенти, во некои од најпрестижните концертни сали. Дебито во САД со Националниот симфониски оркестар во Вашингтон под диригентската палка на Кристоф Ешенбах предизвика позитивни критички реакции и му отвори можности за низа нови креативни соработки.  Со повеќе од 60 клавирски концерти на својот репертоар, Тибергјен редовно настапува како солист со светски оркестри (BBC Philharmonia Orchestra, Tokyo Philharmonic Orchestra, Budapest Festival Orchestra, BBC Scotish Symphony, Orchestre National de France и други), под диригентско водство на: Кристоф Ешенбах, Лорин Мазел, Курт Масур, Џон Нелсон.  Неговите ЦД изданија како солист на пијано и камерен музичар се стекнаа со одлични рецензии од критичарите.  По повод една од изведбите на Тибергјен во Лондон, весникот The Daily Telegraph ќе напише: „Постоеше леснотија и возвишеност, сериозност и шегобијност, моќен импулс и медитативна воздржаност. Тибергијан точно знаеше што сака да каже преку музиката, и тоа го направи со комбинација на храброст, мисловност и инспирација“.

10.08.2012

Света Софија

21:00

Изложба од музејот „Стриндберг“

 

СТРИНДБЕРГ И УМЕТНОСТА НА ФОТОГРАФИЈАТА

 

Писателот Август Стриндберг (1849-1912) бил во постојана потрага по нови начини на уметнички израз. Оваа изложба ги прикажува неговите фотографски дела изработени или од негова страна или во тесна соработка со други фотографи. Постојат околу 80 фотографии на Стриндберг, од кои повеќето се портрети.

.

ИМПРЕСИОНИСТИЧКИ ФОТОГРАФИИ

 

Стриндберг ги направил своите најпознати фотографии есента 1886 година во Герсау, Швајцарија. Бил инспириран од францускиот фотограф Надар кој се фотографирал себеси во серија реалистични, спонтани пози.

Зачувани се околу 40 готографии од Герсау.

 

СОРАБОТКА СО ДРУГИ ФОТОГРАФИ

 

Од најголем интерес се портретите при кои Стриндберг  соработувал со фотографите Џон Лундгрен, Ото Јохансон и Херман Андерсон.

 

НЕБЕСНИ СЛИКИ

 

Во јули 1896 година егсистенцијалната криза на Стриндберг, која ја опишал во својот роман „Пекол“ (1897 год.), достигнала кулминација.

 

„ПСИХОЛОШКИ ПОРТРЕТИ“

 

Во текот на годините во Берлин 1892-1893 година Стриндберг дошол до идеја, за фотографирање на она што тој го нарекол психолошки портрети: екстремно крупни кадри сликани без леќа на апаратот.

11.08.2012

Центар за култура "Григор Прличев"

19:00

ГОСПОЃИЦА ЈУЛИЈА Од Август Стриндберг

 

Оваа 2012 е година на славење на животот на  Август Стриндберг и на неговото уникатно и современо дело. На сто годишнината од неговата смрт, неговиот широк репертоар  се изведува низ Шведска, но исто така и надвор од неа .

Актерката и режисер, Анa  Петерсон ќе има свој придонес со новата адаптација на „Госпоѓица Јулија“, режирајќи, а во исто време и глумејќи ги сама, сите три ликови.

 

На сцената исто така ќе биде присутен и камерман кој ќе ја снима актерката. Снимките ќе се проектираат на платното во позадина, кое ќе биде единствената сценографија, заедно со претходно снимен и обработен материјал.

 

Со тоа што сама ќе ги одигра сите три ликови, таа ќе го помести фокусот од традиционалната природна форма со цел да ги истражува внатрешните  и далеку покомплексни мотивации, нагони, пориви и контрадикции кои се дел од човечката природа. Сето ова, таа ќе го стави спроти добро познатите драмски теми на:  класа, моќ и социјална средина.

 

Анa  Петерсон е позната шведска актерка која има освоено награди и има одиграно главни улоги и во Кралскиот драмски театар и во Градскиот театар во Стокхолм, како и со независни компании. Исто така таа има свои ангажмани и  како режисер во Градскиот театар во Малмe, а има учествувано и во неколку фимски и телевизиски продукции.

Ветерот низ отворениот прозорец ја ниша завесата, која, така надуена, наликува на бремено шведско лето. Остар нож се проектира во позадина. Сега, во секој момент, на сцената ќе втрча Жан, задишан, враќајки се од танц. Но,овојпат тоа не се случува. Наместо тоа Анa  Петерсон ја изнeсува сценографијата надвор од сцената. Таа е всушност приказната. Таа го пренесува триото на сцена со разни движења, гласовно... Преку нејзиното тело се претопуваат  во сопствено театарско видување  неколку личности кои не по сопствен избор си го отежнуваат животот, соништата и плановите едни на други. Со задоволство испробува нови стилови на играње кои самите себеси се коментираат. Се дистанцира од психолошкиот реализам, испробува разни однесувања и со задоволство комуницира со публиката. Таа наликува на Дарио Фо кој ја демаскирал улогата и приказната како подразбирлива форма и обраќање. Таа го отвара механизмот на часовникот, го расклопува и повторно го склопува. Затоа, одете и доживејте како улогите се влеваат во генијална затворска ќелија од карактери и болни обиди за ослободување од нив. Таа е остра како жилет за бричење, Анa  Петерсон.

 

Режисер и актер : Анa Петерсон

11.08.2012

Дом на култура "Григор Прличев"

21:00

ВЕЧЕР НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА СИПРИЕН КАЦАРИС – пијано (Кипар)

Сиприен Кацарис е светски признаен кипарско-француски пијанист и композитор, лауреат на бројни меѓународни натпревари. Како уметник со изразен музички профил, авторитет , силна индивидуалност и особено чувство за романтичниот стил, Кацарис ги претставува најголемите уметнички вредности на својата генерација. Неговата интернационална кариера вклучува настапи со најголемите светски оркестри како Берлинската филхармонија, Симфонискиот оркестар од Берлин, Виенскиот камерен оркестар, Royal Concertgebouw Orchestra, Јапонската филхармонија, Симфонискиот оркестар на Санкт Петербуруг и многу други. Соработувал со диригенти како Леонард Бернштајн, Мстислав Ростропович, Сер Сајмон Ратл, Чарлс Дутоа, Николаус Харнонкурт, Сер Чарлс Мекерас, Владимир Федосејев...Во прилог на неговата извонредно богата и успешна солистичка кариера и податокот дека тој е основач и член на пијано квинтетот „Кацарис“.  Дискографијата на Кацарис содржи голем број ремек дела од литературата за пијано.

Концертот е финансиски поддржан од Канцеларијата на Европската Унија во Македонија.

Сиприен Кацарис е светски признаен кипарско-француски пијанист и композитор, лауреат на бројни меѓународни натпревари. Како уметник со изразен музички профил, авторитет , силна индивидуалност и особено чувство за романтичниот стил, Кацарис ги претставува најголемите уметнички вредности на својата генерација. Неговата интернационална кариера вклучува настапи со најголемите светски оркестри како Берлинската филхармонија, Симфонискиот оркестар од Берлин, Виенскиот камерен оркестар, Royal Concertgebouw Orchestra, Јапонската филхармонија, Симфонискиот оркестар на Санкт Петербуруг и многу други. Соработувал со диригенти како Леонард Бернштајн, Мстислав Ростропович, Сер Сајмон Ратл, Чарлс Дутоа, Николаус Харнонкурт, Сер Чарлс Мекерас, Владимир Федосејев...Во прилог на неговата извонредно богата и успешна солистичка кариера и податокот дека тој е основач и член на пијано квинтетот „Кацарис“.  Дискографијата на Кацарис содржи голем број ремек дела од литературата за пијано.

Концертот е финансиски поддржан од Канцеларијата на Европската Унија во Македонија.

20.07.2012

Света Софија

21:00

Изложба на индустриски дизајн на мебел со 3Д анимации KИРЧЕ СТОЈОСКИ

 

Кирче Стојоски е роден на  05.02.1978 г. во Охрид. Диплпмирал на фалкутетот за  „  Арт и Дизајн “  отсек дизајн на ентериери. Има учествувано на повќе групни изложби   во доменот на дизјнот и сликарството , а работи како главен дизајнер во фирма за проектирање и изведба на мебел .

Оваа изложба која е резултат на скоро тригодишна  работа  е комбинација на дизајн на парчиња од мебел во кои  поголемиот дел е изработен во прототипови  (работна верзија на дизајнерското решение во оригинална форма), и индустриски дизајн  во 3Д моделирана проекција печатена на фолија.

Преплетувањето на дизајнот со скулптурата и  уметноста  е се  почесто  заради заедничката база на истражувањето на формите. Експериментирањето со материјалите и воспоставувањето  дијалог помеѓу објектот и просторот се домен и на уметниците и на индустриските дизајнери.

И како што автор ќе каже сам:  „  Потребата да дизајнирам најпрво  израснува од поглед, став или чувство како начин на лична  експресија  и воспоставување  емоционална врска помеѓу предметот и корисникот. Моите дела наликуваат на уметнички  дела со  скулптурални квалитети  кои испраќаат силна порака,  а практичноста е второстепена . Без  поголеми присилувања и  ограничувања  од индустриските процеси,  или дадени побарувања на клиентите,  тука беа и техничките тешкоти при изведбата, при што  слободно  пристапив  кон реализирање на дизајнираните предмети преку комбинација на прецизно занаетчиство и комбинирање на достапни  индустриски технологи .  

Современиот мебел или продукт се стреми кон иновативност во дизајнот што произлегува од формата и функцијата кои се тесно поврзани со индустискиот процес.Според мене идејата за иновација се менува, таа е тесно поврзана со потребите на луѓето и начинот на кој ги употребуваме предметите.

Дали  убавата столица може да допре повеќе од нејзината  употребливост?

 Секако дека може.

 Првата ментална претстава кај нас  за столицата е првиот визуелен контакт, па дури потоа ја согледуваме употребната вредност на предметот.

Се надевам  дека  предметите кои ќе бидат претставени  пред публиката ќе влијаат позитивно на  однесувањето на публиката и ќе се смени нивната перцепција за  значењето и  придонесот  на дизајнот и за развојот на  нашето опшество .

25.07.2012

Центар за култура "Григор Прличев"

21:00

1 2 3 4 5 19