Билети &

Сцени

Продажба на билети

Сцени

Билетара во ДИРЕКЦИЈАТА на НУ „Охридско лето“ – Охрид

Работно време: 08:30 - 21:00

Адреса: ул.„Партизанска“ бр. 4 Охрид

Информации и резервации:

Телефон: +389 (0)46 261 304

E-mail: reservation@ohridskoleto.com.mk

Билетара на Кеј

Работно време: 09:00 - 22:00

Адреса: ул. „Македонски просветители“ бб, Охрид

Продажни пултови пред сцена

еден час пред почеток на настанот

Сцена црква св. Софија - Охрид

Опис на сцената :

Сцената се наоѓа во внатрешноста на самата црква односно нивото на собирниот дел и дел од нивото на олтарниот дел. Оваа сцена опслужува само музички и вокални интерпретации . Театарската програма не се прикажува во внатрешноста на црквата . Просторот на гледалиштето се состои од четири дела , централен , јужен , северен и западен ( гледалиштето на катната тераса над собирниот дел ). Сцената во договор со МПЦ се користи во термините од 19 до 23 часот, во рамките на времетраење на фестивалот . Во деновите кога има проба или генерална проба за истите се користи терминот од 12 до 15 часот .За хигиената и организацијата на сцената во рамките на Фестивалскиот термин се грижи персоналот на фестивалот а во рамките на останатиот дел МПЦ .

Капацитет :

    Капацитетот на гледачите кои може да ги опслужи ова гледалиште е варијабилен во сооднос со комодитетот, потребите и ранкот на претставата и се движи во рамката од 200 седишта до 250 седишта распоредени во деловите сразмерно на потребите :

  • Централниот дел – 150 столици ;
  • Јужниот дел – 50 столици ;
  • Северниот дел – 50 столици ;
  • Западниот ( катниот ) дел – 20 столици .

Сцена предворје на црква св.Софија - Охрид

Опис на сцената :

Сцената ги опфаќа западниот заден дел на црквата , терасата , јужните и северните внатрешни скали , и целата површина на предворјето на задниот западен дел . Оваа сцена опслужува музички, вокални и интерпретации на театарската програма . Просторот на гледалиште се наоѓа над предворјето и е на повеќе нивоа со изградено фиксно гледалиште од метална и дрвена конструкција . Сцената во договор со МПЦ имацелосно временско користење во целиот период во рамките на Фестивалскиот термин. За хигиената и организацијата на сцената во рамките на Фестивалскиот термин се грижи персоналот на фестивалот а во рамките на останатиот дел МПЦ .

Капацитет :

Капацитетот на гледачите кои може да ги опслужи ова гледалиште е фиксен и моментално изнесува 470 места , распоредени на зградените дрвени фиксни клупи лоцирани над предворјето .

Сцена Антички театар - Охрид

Опис на сцената :

Сцената ја опфаќа изградената фиксна дрвена платфотма распоредена северно веднаш над античката централна сцена . Оваа сцена опслужува музички, вокални и интерпретации на театарската програма и најчесто користена за свеченото отварање на фестивалот и за претстави од поголем ранг . Гледалиштето е составено во два дела , фиксен дел кој го опфаќа делот на изградените театрални сводови од мермерни блокови над бината и монтажен дел кој го опфаќа делот на центалната античка сцена . Сцената во договор со Завод и Музеј на град Охрид е дадена во целосно временско користење во целиот период во рамките на Фестивалскиот термин.За хигиената и организацијата на сцената во рамките на Фестивалскиот термин се грижи персоналот на фестивалот а во рамките на останатиот дел Завод и Музеј на град Охрид. Направен е и аплициран проект до министерството за Култура на РМ од страна на Фестивалот за монтажно покривање на сцената и гледалиштето на Антички Театар Охрид , процедурата е во тек .

Капацитет :

    Капацитетот на гледачите кои може да ги опслужи ова гледалиште е фиксен и моментално изнесува :

  • За фиксниот дел – 1719 гледачи ;
  • За монтажниот дел – 200 гледачи .
  • ( капацитетот на ова гледалиште ќе се зголеми во иднина со развојните проекти на НУ Охридко лето и НУ Завод и Музеј преку доградба на 6те редови кои недостасуваат на мермерниот театрален дел од гледалиштето )

Сцена Долни Сарај

Опис на сцената :

Сцената го опфаќа централниот дел од зафатнината на Долни Сарај распоредена на наколку нивоа изградена од цврст бетонски материјал на кој се монтира монтажна платформа ( бина ). Оваа сцена опслужува музички, вокални и интерпретации на театарската програма но најчесто е користена за манифестации со повисок интерпретативен тоналитет поради фактот дека Сцената е отворена и е подложна на акустично попречување од други субјекти и објекти . Гледалиштето е распоредено на наколку нивоа со цврст бетонски материал и на него се поставуваат столици во зависност од потребата . Сцената е во сопственост на Фестивалот .Направен е и аплициран проект до министерството за Култура на РМ од страна на Фестивалот за монтажно покривање на сцената и гледалиштето на Долни Сарај , процедурата е во тек .

Капацитет :

    Капацитетот на гледачите кои може да ги опслужи ова гледалиште е фиксен и моментално изнесува :

  • Целата сцена – 1000 гледачи во седечка состојба
  • Целата сцена – 1500-2000 во стоечка состојба.