Настан

Александар Маџар – пијано, Белгија/Србија

Александар Маџар е српски пијанист, кој со пијаното се запознава уште на шестгодишна возраст под менторство на Гордана Малиновиќ, а подоцна се усовршува кај познатите: Арбо Валдма, Елисо Вирсалаѕе и Даниел Блументал во Нови Сад, Белград, Москва и Брисел. Своето деби го доживува во 1990 година, со Берлинскиот филхармониски оркестар под водство на Иван Фишер. Оттогаш редовно одржува рецитали, солистички и камерни концерти низ Европа во соработка со познатите: Андре Превин, Марчело Виоти, Паво Арви, Андрис Нелсон и многу други значајни имиња од музичката литература. Неговите турнеи опфаќаат и настапи на музичките сцени надвор од Европа, и тоа во Америка, Јужна Африка, земји од истокот и Австралија. Добитник е на повеќе награди на натпревари во Женева, Лидс, како и на престижните интернационални пијано натпревари „Феручо Бузони“ и „Умберто Мичели“. Во моментов работи како професор на Кралскиот фламански конзерваториум во Брисел.

 

Програма:

 

Јозеф Хајдн (1732-1809): Соната во C – dur , Hob. XVI/50

  1. Allegro
  2. Adagio
  3. Allegro molto

 

Петар Илич Чајковски (1840-1893)/Михаил Плетњев (1957): 7 пиеси од „Оревокршачка”

  1. March
  2. Dance of the Sugar Plum Fairy
  3. Tarantella
  4. Intermezzo
  5. Trepak (Russian Dance)
  6. Tea (Chinese Dance)
  7. Pas de deux

 

  • пауза –

 

Јоханес Брамс (1833-1897): Шест пиеси за пијано, оп. 118

  1. Intermezzo in A minor
  2. Intermezzo in A major
  3. Ballade in G minor
  4. Intermezzo in F minor
  5. Romanze in F major
  6. Intermezzo in E-flat minor

 

Фредерик Шопен (1810-1849): Andante spianato et Grande polonaise brillante, оп. 22

SHARE