Настан

Вечер на ЕУ

Австрискиот пијанист Роберт Лербаумер својата кариера ја започнува на само 9-годишна возраст, кога се појавува на музичките сцени во Австрија, Германија и Швајцарија. Оттогаш неговите настапи (најпрвин како пијанист, а подоцна и како диригент и оргулист) стануваат сè почести и го водат во речиси сите европски земји, каде што соработува со најпрестижните светски оркестри. Паралелно со пијанистичката дејност, Лербаумер успева да се прослави и како одличен диригент и оргулист. Како солист настапувал со диригентите од светски ранг: Клаудио Абадо, Јехуди Менухин, Андре Превин и др., а соработувал и со истакнати изведувачи, како: Волфганг Шнајдерхан, Фридрих Гулда, Волтер Бери, Антон Дермота. Редовен учесник е на фестивали, има направено и повеќе снимки за радио и телевизиските станици, а неговата музика е документирана и на грамофонски плочи и компакт дискови. Постојано одржува интернационални мајсторски курсеви во целиот свет. Моментално работи како професор на конзерваториумот „Прајнер“ во Виена. Добитник е на повеќе награди и признанија.

 

Програма:

 

Франц Лист (1811-1886): Виенски ноќи, S. 427

  1. Allegro con strepito

 

Франц Шуберт (1797-1828): 12 Виенско германски танци, D. 128

 

Јоханес Брамс (1833-1897): 16 Валцери, оп. 39

 

Франц Шуберт (1797-1828): Импромпту бр. 4, оп. 90 во Аs – dur  дур

 

  • пауза –

 

Готфрид фон Ајнем (1918-1996): Селекција на дела за пијано*

  1. Корал
  2. Портрет “Карл Зукмајер” (Валцер)
  3. Дело за пијано бр. 9 оп. 72
  4. Дело за пијано бр. 6 оп. 72
  5. Дело за пијано бр. 4

 

Роберт Шуман (1810-1856): Карневалски сцени од Виена, оп. 26

  1. Allegro
  2. Romanze
  3. Scherzino
  4. Intermezzo
  5. Finale

 

 *по повод 100-тиот роденден на овој виенски композитор

SHARE