Настан

ГУДАЧКИ КВАРТЕТ „ДИСОНАНС“, СЛОВЕНИЈА

Предворје на црква Св.Софија

12.08.2020

21:00 ч.

Продажба на билети

Програма:

 

Џ. Тартини: Соната „A Quattro”  во  D-dur

-Allegro assai

-Andante or Andantino

-Presto

 

Л. Лебич: Гудачки квартет

 

-пауза-

 

Х. Волф: „Италијанска серенада“

 

Л. В. Бетовен: Гудачки квартет бр. 11 во f-moll “Il Serioso”

-Allegro con brio

-Allegretto ma non troppo

-Allegro assai vivace ma serioso – Più allegro

-Larghetto espressivo

 

 

Јанез Подлесек-  прва виолина

Матјаж Поровне- втора виолина

Оливер Диздаревиќ-виола

Клемен Хвала- виолончело

 

Членовите на гудачкиот квартет „Дисонанс“ за прв пат се собрале поради изведба на гудачки квартет од словенечкиот композитор  Лојзе Лебич во 2014 година, премиера на делото кое било напишано 30 години порано. Изведбата на квартетот била одлично примена од стручната публика, а музичкиот критичар д-р. Грегор Помпе за дневниот весник Дневник ќе напише: „Овој ад-хок составен квартет за изведба на делото од Лебич беше вистинско изненадување. Станува збор за дело кое е бескомпромисно модерно, поради што веројатно досега не се нашле домашни музичари кои би го  извеле, но затоа детерминираноста на младите музичари од Словенечката филхармонија длабоко навлезе во звучните каскади и придонесе кон возбудлива изведба. Би било навистина одлично кога овие музичари би креирале постојан ансамбл“. По ваквиот прием, членовите на „Дисонанс“ навистина одлучиле да останат присутни на класичната музичка сцена, именувајќи го ансамблот со името на Моцартовиот гудачки квартет во  C-dur, KV 465.

Од основањето, па до денес, квартетот „Дисонанс“ настапува во концертното ателје на Сојузот на словенечките композитори, на Светските музички денови во 2015, на фестивалот Собошки денови во 2016, на фестивалот во Марибор, на интернационалното биенале за современа музика во Копер и др. Во соработка со италијанскиот кларинетист Микеле Марели  квартетот настапува на летниот фестивал во Акви Терме, Алесандрија во 2015 година, а го реализира и проектот„Деконструиран Моцарт“ во рамките на интернационалниот циклус „Симфониски гласови“ во Копер. Според членовите на ансамблот, името на квартетот ја отсликува нивната тенденција покрај класичната музичка литература, посветено да изведуваат и современа музика, особено напишана од словенечки композитори.

SHARE