Настан

ДУО АВСТРИЈА

Предворје на црква Св.Софија

31.07.2019

21:00 ч.

Купи карта на интернет

Продажба на билети

 

Тимна Брауер- вокал, гитара

Елијас Меири- клавијатури, перкусии, мелодика,вокал

 

 

Тимна Брауер-вокал, гитара

Родена е во Виена, Австрија во израелско-австриско семејство, Тимна Брауер првите години од животот ги минува во Париз. Матурира во француската гимназија во Виена, а продолжува да студира гитара, пијано и соло пеење на Конзерваториумот во Виена. Магистрира музикологија на престижната Сорбона во Париз, а се усовршува на мајсторски курсеви со бројни класични оперски пејачи: Елизабет Грумер, Симон Бади, со Кристиан Легранд се усовршува во областа на џезот, Индиски вокали со проф. Џавхери во Минхен. Заедно со израелскиот џез пијанист Елијас Меири создаваат дуо во 1985 и настапуваат на концертните сцени низ целиот свет. Фокусот на нивната музика е светска музика, шансони, детски концерти но,  пред сѐ еврејска музика со целиот нејзин раскош и разновидност. Нивниот последен заеднички проект е ЦД-то со наслов „Песни за мир“  издадено од Дојче Грамофон во 2015 година.  Тимна Брауер со подеднаква посветеност пее еврејска духовна и црковна музика, често комбинирајќи ја со грегоријански корали. Во текот на деведесеттите години од  од минатиот век Тимна Брауер е предавач за џез пеење на Универзитетот за музика и уметност во Виена, настапува со Ансабл „Модерн“ од Франкфурт во претставите на „Опера за три гроша“ од Курт Вајл на фестивалот „Шлезвиг-Холштајн“ и на Триеналето во Келн,   ја пее насловната улога во мјузиклот “Евита“ на летниот фестивал во Клагенфурт, и настапува како Голда во „Свирач на покривот“ на фестивалот во Китзе во 2015 и во театарот во Бозен, Италија.

 

Елијас Меири- клавијатури, мелодика, перкусии, вокал

Роден во Израел, Елијас Меири започнува да учи пијано на пет годишна возраст. Како резултат на неговиот апсолутен слух, многу бргу ја совладува уметноста на импровизација. Димпломира на конзерваториумот „Талма-Јалин“ во Тел Авив, а се усовршува на престижниот колеџ „Беркли“ во Бостон. Во Њујорк настапува со џез-ѕвездите: Дизи Гилеспи, Дејв Либман и Стив Гросман. Покрај неговите настапи со Тимна Брауер, Меири настапува како солист и со различни џез формации. Предава пијано, вокална изведба и џез импровизации,  а посветен е на компонирање, ЦД продукција и техники на звук.

SHARE