Настан

Дуо гитари Булатовиќ-Никчевиќ, Црна Гора

Црква Св.Софија

12.08.2021

21:00 ч.

Продажба на билети

Гитарското дуо кое го сочинуваат двајца меѓународно признати гитаристи од Црна Гора – Срѓан Булатовиќ (доктор од областа на изведувачките уметности и класична гитара) и Дарко Никчевиќ (фламенко гитарист и дипломиран стручњак од областа на аудио технологијата) повеќе години ја освојува музичката јавност со нивната виртуозност и возбудлива интерпретација. Нивните два настапи во Карнеги хол (во 2016 и 2017 година) ја докажуваат уникатноста на овој гитарски ансамбл која е спој на медитеранската убавина и мистичноста на ориентот.  Повеќе од 25 години, ова гитарско дуо настапува пред домашната публика во Црна Гора, но и надвор од неа: САД, Русија, Велика Британија, Германија, Италија, Франција, Португалија, Полска, Обединети Арапски Емирати, Белгија, Холандија, Грција, Унгарија, во земјите од поранешна Југославија, Албанија, Азербејџан итн. Нивните настапи на кои изведуваат лична авторска музика ги одликува специфичен музички јазик во кој се испреплетуваат техниките и стиловите на класичната и фламенко гитарска интерпретација, а ги спојува нишка на традиционални црногорски мелодии и ритми, теми од филмска, популарна музика итн.

Заеднички имаат издадено девет носачи на звук за различни издавачки куќи,  а последните два албуми (во 2018 и 2020 година) ги издаде светски познатата компанија „Наксос“.

SHARE