Настан

Дуо пијано

Бугарскиот пијанист Иво Варбанов е еден од најпознатите претставници на бугарската музичка култура во светот. Пијаното започнал да го изучува на шестгодишна возраст под менторство на Елеонора Карамишева. Во понатамошното негово школување му помогнале видни пијанистички имиња, какo: Рикардо Бертацоло, Илонка Декер, Суламита Ароновски, Франк Вибот, а се усовршувал и на мајсторските курсеви на Александар Лонквич, Бери Даглас и Лев Наумов. Варбанов има богата дискографија, а во 2014 година, заедно со неговата сопруга Фиамета Тарли, основа и своја издавачка куќа – ICSM Records. Настапува како солист и камерен музичар со голем број истакнати артисти. За промоција на бугарската музика надвор од границите на земјата, Варбанов е добитник на наградата „Иван Вазов“, а во 2011 година ја добива и наградата „Сребрен лав“ која ја доделува Министерството за надворешни работи.

Фиамета Тарли се запознава со пијаното на пет-годишна возраст благодарение на италијанскиот пијанист Џампиеро Семераро, а на само 9 години го одржува својот прв концерт. Дипломира на Конзерваториумот во Фиренца, под менторство на истакнатите професори:   Марија Типо, Лидија Рочети Пецати и Илонка Декер. Вокална и инструментална камерна музика пак, изучува на Кралската музичка академија во Лондон. За време на својата активна изведувачка и образовна дејност, Тарли успева и да магистрира и да докторира на полето на музикологијата на Кралскиот колеџ во Лондон. Редовно настапува во Италија, Германија, Бугарија, Словачка, Унгарија, Шпанија, Турција и Велика Британија. На полето на камерната музика често настапува со својот сопруг Иво Варабанов.

 

Програма:

 

Јоханес Брамс (1833-1897): Љубовни песни, оп. 52

  1. Rede, Mädchen, allzu liebes. Im Ländler-Tempo
  2. Am Gesteine rauscht die Flut
  3. O die Frauen
  4. Wie des Abends schöne Röthe
  5. Die grüne Hopfenranke
  6. Ein kleiner, hübscher Vogel nahm. Grazioso
  7. Wohl schön bewandt
  8. Wenn so lind dein Augen mir
  9. Am Donaustrande
  10. O wie sanft die Quelle
  11. Nein, est ist nicht auszukommen
  12. Schlosser auf, und mache Schlösser
  13. Vögelein durchrauscht die Luft
  14. Sieh, wie ist die Welle klar
  15. Nachtigall, sie singt so schön
  16. Ein dunkeler Schacht ist Liebe. Lebhaft
  17. Nicht wandle, mein Licht. Mit Ausdruck
  18. Es bebet das Gesträuche. Lebhaft

 

                                                Нови љубовни песни во вид на валцери, оп. 65

  1. Verzicht, o Herz, auf Rettung. Lebhaft, doch nicht Schnell
  2. Finstere Schatten der Nacht
  3. An jeder Hand die Finger
  4. Ihr schwarzen Augen
  5. Wahre, wahre deinen Sohn
  6. Rosen steckt mir an die Mutter
  7. Vom Gebirge Well auf Well. Lebhaft
  8. Weiche Gräser im Revier. Ruhig
  9. Nagen am Herzen fühl ich
  10. Ich kose süß mit der und der
  11. Alles, alles in den Wind. Lefhaft
  12. Schwarzer Wald, dein Schatten
  13. Nein, Geliebter, setze dich
  14. Flammenauge, dunkles Haar. Lebhaft
  15. Zum Schluss. (Nun, ihr Musen, genug). Ruhig

 

  • пауза –

 

Игор Стравински (1882-1971): Балет „Посветување на пролетта“ за четирирачно пијано

  1. Обожување на Земјата
  2. Жртвата

SHARE