Настан

Д’ Квинс Сикс, aкапела секстет

 

Членовите на секстетот The Queen’s Six се дел од професионалните пејачи, наречени Lay Clerks на капелата „St. George“, кои живеат и работат во дворецот „Виндзор“ во Велика Британија. За да се биде член на еден ваков колектив потребни се високи музички стандарди, бидејќи тие се оние кои редовно настапуваат за Кралското семејство. Членовите на „The Queen’s Six“ се извонредни музичари кои што често може да ги сретнеме и во други значајни вокални ансамбли од светот, како „The Sixteen“, „The Tallis Scholars“ и „Tenebrae“. Репертоарот кој го изведуваат е прилично разновиден, а тука покрај делата од раната музичка историја спаѓаат и дела од народната музика, како и аранжмани на дела од поп и џез музиката. Досега имаат издадено повеќе компакт дискови, кои се одлично прифатени од слушателите.

 

Програма:

 

Вилијам Бирд: O Lord, make thy servant Elizabeth our Queen

Томас Морли: Arise, awake

Хернандо Франко: Christus factus est

Вилијам Бирд: Ye sacred muses

Мигуел Даљо и Лана: Laudate Dominum

Филип Мур: O clap your hands*

Нико Махли: God will be their light*

Традиционална американска песна : The Dying Soldier  (аранж. Мак Вилберг/ Нигел Шорт)

Духовна традиционална песна: Didn’t my Lord deliver Daniel (аранж. Пол Харт )

 

  • пауза –

 

Традиционална англиска песна: Dance to your daddy  (аранж. Тимоти Бирам-Вигфилд)

Традиционална англиска песна : Early one morning (аранж. Alexander L’Estrange)

Традиционална англиска песна: What shall we do with the drunken sailor? (аранж. Руари Боуен)

Традиционална англиска песна (аранж: My Lagan love (аранж. Пол Дрејтон)

Традиционална англиска песна: The Mermaid (аранж. Џон Витфорт)

Ирвинг Берлин: Blue skies (аранж. Ричард Родни Бенет)

The Beach Boys:  God only knows (аранж. Стивен Карлстон)

Имоген Хип: Hide and seek (аранж. Сајмон Вајтли)

Мајкл Џексон: Thriller  (aранж. Тим Карлстон)

Бахарач/Перен/Фекарис/Џабара/Шафер: Say a little prayer to survive when it’s raining men (аранж. Сајмон Вајтли)

 

*Нови проекти во чест на 10-годишнината од основањето на Queen’s Six

SHARE