Настан

Елвис Руди – флејта, Албанија Марин Ѓолма – пијано, Албанија

Формирањето на првата класа на флејтисти во Албанија била резултат на голема волја и напорна работа на оние кои биле професори на тогашниот уметнички „лицеум“ (вид на средно уметничко образование). Ова е и времето кога Елвис Руди започнува да го изучува инструментот флејта под менторство на Мирела Селеница и Исуф Спахиу. Своите студии ги завршува на Универзитетот за музика во Букурешт, кај професорот Виргил Франк, по што се враќа во Тирана, каде започнува да работи како асистент-предавач на Академијата за уметности. Подоцна оваа институција е преименувана во Универзитет за уметности, а титулата на Руди прераснува во асистент-професор. Деветмесечната стипендија од Конзерваториумот во Париз му овозможува усовршување со Пјер Ив Артод и Софи Шериер. Во текот на овие години, значаен е неговиот придонес во интерпретацијата и промоцијата на албанската современа музика.

Марин Ѓолма своите додипломски, постдипломски и докторски студии ги завршува на Универзитетот за музика во Карлсрух, Германија, под менторство на познатата бразилска пијанистка Фани Солтер. По ова следи неговото усовршување на мајсторски курсеви кај познати професори и музичари. На полето на камерната музика соработувал со еминентни артисти, меѓу кои и Мартин Остертаг, како и бројни оркестри. Од 1996 до 2018 година, одржува серија концерти во Албанија и Германија, а исто така учествува и на значајни интернационални фестивали, како „Јанис Папајоану“ во Грција, „Алегрето Албанија“, фестивалот „Различни возови“ во Тирана, фестивалот на камерна музика „Чембер фест“ во Драч и други. Добитник е на повеќе награди на национални и интернационални натпревари по пијано од 1998 до 2011 година.

 

Програма:

 

Филип Гобер (1879-1941): Соната за флејта и пијано, бр. 2

  1. A l’aise, mais sans lenteur
  2. Andante
  3. Assez vif

 

Фридрих Кулау (1786-1832): Голема концертна соната оп. 85

  1. Allegro con passion
  2. Allegro assai – Trio – Scherzo
  3. Adagio
  4. Allegro poco agitato

 

Пјер Санкан (1916-2008): Сонатина за флејта и пијано

  1. Moderato
  2. Andante espressivo
  3. Animé

SHARE