Настан

Здружение на Џез музичари на Македонија Колектив со гудачи

Долни Сарај

20.08.2020

21:00 ч.

Продажба на билети

 

Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ – Скопје, e невладина организација, основана во април 2016 г. со единствена  цел да ги обедини џез музичарите од Северна Македонија и да ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа.  Во здружението членуваат дел од најреномираните џез музичари од Македонија, студенти и професори на џез академиите во Скопје и Штип, како и слободни уметници, љубители и помагатели на овој вид уметност. Здружението работи на подобрување на музичката продукција, се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, за афирмирање и негување на џез културата во Македонија.

Концертот ЗЏМ Колектив & Strings премиерно ќе биде изведен на сцената на „Охридско лето“. На програмата се дела од македонските композитори и изведувачи кои се членови на оркестарот на ЗЏМ. Звукот на оркестарот составен од 23 врвни македонски музички уметници ќе ја потврди посветеноста на ЗЏМ при креирањето и создавањето нови музички дела кои се вистинска рефлексија на македонските џез текови.

SHARE