Настан

Камерен оркестар на Музичка Младина на Македонија (МММ)

Камерниот оркестар на музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ е основан пред повеќе од 30 години, како прв сегмент на Летниот музички камп на Музичката младина на Македонија во 1986 година. Денес овој ансамбл претставува прв и единствен од ваков вид на просторите на југоисточна Европа. Составен е од студенти на Факултетот за музичка уметност од Скопје, но во него често може да се сретнат и млади музичари од други земји. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија со своето музицирање во сиот овој период се наметна како изведувачки состав со високо професионални квалитети. Диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле значајни имиња од македонската музичка сцена: Фимчо Муратовски, Горјан Коруновски, Саша Николовски-Ѓумар, Вања Николовски-Ѓумар, Мирослав Спасов, Борјан Цанев, Бисера Чадловска, Олег Кондратенко, но и познати странски диригенти како: Арилд Ремерајт, Миша Кац, Џанлука Мартиненги и др. Досега оркестарот има реализирано повеќе од 90 концерти, одлично прифатени од слушателите и критиката, а добитник е и на национални награди и признанија.

 

Камерен оркестар на Музичка Младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“

Уметнички раководител: Олег Кондратенко

 

 

Програма:

 

Антонио Вивалди (1678-1741) : Лето од Годишните времиња

Солист:  Ева Богоевска, виолина

 

Антон Аренски (1861-1906):  Варијации на тема од Чајковск оп. 54  бр.5

 

Бела Барток (1881-1945):   Романски народни танци Sz.55 BB 68

 

-пауза-

 

Астор Пјацола (1921-1992) :  Лето од Годишните времиња

Солист:   Бојан Илкоски – виолина

 

Елен Блази:   Adagio за гудачи

 

Едвард Григ (1843-1907):   Холберг свита оп. 40

  1. Praeludium (Allegro vivace)
  2. Sarabande (Andante)
  3. Gavotte (Allegretto)
  4. Air (Andante religioso)
  5. Rigaudon (Allegro con brio)

SHARE