Настан

КВАРТЕТ АСАСЕЛО

 

 

Ростислав Кожевников, виолина

Барбара Штрајл, виолина

Јустина Шлива, виола

Тееми Мјоханен, чело

 

Квартетот „Асасело“ е формиран во Базел во 2000 година, уште  додека неговите членови биле студенти на отсекот за камерна музика на тамошниот факултет. По дипломирањето квартет се сели во Келн, таму продолжуваат да работат и да студираат под менторство на познатиот квартет „Албан Берг“. Членовите на „Асасело“ кариерата ја започнуваат со победата на натпреварот „Мигрос Културпроцент“ во Цирих по што следат турнеи и интернационални концерти во Унгарија, Русија, Холандија и Велика Британија. Во 2009 година квартетот „Асасело“ ја освојува втората награда на првиот натпревар за  камерна музика во Хамбург, а следната година ја добиваат годишната награда која ја доделува Асоцијацијата на концертни агенции на Германија.  Значајни настапи за квартетот се концертното деби на сцената на  филхармонијата во Келн,  2017 година, како и нивната соработка со Ричард Сигал и Стефани Тирш на проекти со танц како на пример: „Бронза од Злато“ која ја изведуваат на Фестивалот посветен на Бетовен во Бон.  Преку различни награди и спонзорства, квартетот успева да развива проекти и да создава музички пријателства со бројни уметници меѓу кои: Кристоф Дежардин (Париз), Хаим Тауб (Тел Авив), Јурген Геизе (Салцбург) и Дејвид Алберман (Лондон). Ансамблот добива значајно уметничко водство работејќи заедно со некои од најзначајните композитори на нашето време: Томас Адес, Александра Грука, Михаел Џарел, Хелмут Лахенман, Хајнц Марти, Сергеј Невски, Матијас Пинчер, Волфганг Рим, Каја Саријахо и др.  Во 2016 година квартетот ги сними сите квартети на Арнолд Шенберг со сопранот Ева Реш за издавачката куќа Џенуин (Genuin). Во текот на оваа 2019 година ќе го изведат целиот циклус квартети на Шенберг во Келн, а се враќаат и на „Бетовенфест“  во Бон со нов танцов проект од Стефани Тирш.

SHARE