Настан

„Лирска вечер“

Црква Св.Софија

18.08.2021

21:00 ч.

Продажба на билети

Паскал Галоадиригент

 

Уметничката кариера на Галоа вклучува повеќе активности: покрај исклучително плодна активност како енигматичен и енергичен виртуоз-фаготист и познат педагог, во последно време се афирмира и како успешен диригент но и и особено креативен уметнички директор. Како еден од најпризнатите мајстори на фаготот, Галоа го инспирираше италијанскиот композитор Лучано Берио да ја напише и да му ја посвети Секвенцата XII (1995), дел од легендарната серија со која значително се прошируваат хоризонтите на инструменталните техники и екпресивниот дијапазон на инструментите кои Берио ги одбра за овој циклус. Во листата на истакнати композитори кои создале дела специјално за Галоа се и Пјер Булез со неговиот „Дијалог на двојната сенка“(2007) и Волфганг Рим, чија композиција „Псалм“ за фагот и оркестар е премиерно изведена од Галоа и оркестарот на Баварската државна опера под водство на Кент Нагано.

Во значајните “музички моменти” кои ги иницираше Галоа се вбројуваат и концертите во чест на 85-тиот роденден на Пјер Булез, осмислени од Галоа како уметнички директор, со учество на швајцарскиот кларинетист Јорг Видман во парискиот Музеј на уметности и занаети. По поводот на 95-тиот роденден на Анри Дитије, Галоа организира музичко одбележување во Палатата Лозон во Париз.

Галоа има реализирано бројни снимки како солист, камерен музичар и диригент, со исклучителен ентузијазам за нова музика, вклучувајќи дела од Булез до Куртаг; од Берио до Нојвирт.  Етаблиран веќе подолго време како активен протагонист на париската музичка сцена, во 2015 го создава фестивалот Музикал де Киброн во Бретања, како оригинална форма на испреплетување на традиционалното и современото творештво. Активно работи како диригент со голем број ансамбли и оркестри, вклучувајќи ги и Оркестарот на Бретања, Интернационалниот ансамбл за нова музика во Њујорк, ансамблот „Праг-Модерн“ и ансамблот „Меитар“ во Израел.

 

Милена Арсовска- сопран

 

Сопранот Милена Арсовска е една од најистакнатите македонски вокални уметници од

поновата генерација, со успешна меѓународна кариера. Дипломира соло- пеење на

Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Универзитетот за музика и

уметности во Виена.  Милена Арсовска дебитира во Македонската опера и балет каде што настапува во продукциите на оперите: „Волшебната флејта“, „Свртување на шрафот“, „Италијанка во Алжир“, „Рита“… Дебито  во Театарот во Виена доаѓа во 2010 година со настап во оперетата „Лилјакот“ и „Суор Анџелика” а понатаму настапува во театрите во Магдебург, Националниот театар во Вајмар, Националната опера во Прага и Острава како и на повеќе реномирани фестивали. Арсовска редовно настапува на концертните сцени во Виена, а концертните турнеи ја водат низ Европа, Јапонија, Кина и САД. Нејзините снимени изданија ја вклучуваат живата снимка на „Чичестерови

псалми“ од Леонард Бернштајн со Камерниот оркестар на Виена, а нејзиниот глас е

искористен и во музиката за македонските филмови „Големата вода“ и „Војната

заврши“.

 

Гонца Богоромова Краповски – сопран

 

Македонскиот сопран Гонца Богоромова Краповски своето професионално деби го остварува во 2006 год. со Македонската филхармонија, по што, како солист и камерен музичар продолжува со концертната активност во земјата и странство. Соработува со еминентни музички ансамбли и уметници: оркестарот на Пловдивската државна опера, Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, Минхенскиот камерен оркестар. Соработката со македонските композитори ги донесува на сцена премиерните изведби на композициите „Песни за љубовта и смртта“ од Панде Шахов, циклусот песни „Надеж“ од Дамјан Темков и „Смртта е син прозорец отворен кон денот“ од Бојана Петровиќ-Алексова која е и посветена на Богоромова. На македонската оперска сцена дебитира со улогата на  Церлина во Mоцартовата „Don Giovanni“, а на меѓународната оперската сцена дебитира со улогата на Магда во операта „La Rondine“ на Пучини, на покана на Државната опера од Стара Загора, Бугарија. Своето меѓународно концертно деби го остварува со „Wien Klang Sinfonietta“ од Виена на концертна турнеја во Кина.

 

Иван Наумовски, бас – баритон

 

Македонскиот бас-баритон Иван Наумовски ги завршува своите дипломски студии  по соло пеење со највисоки оценки на ФМУ во Скопје, во класата на проф. м-р Марија Муратовска, а магистрира на Универзитетите во Грац и Виена. Како студент е освојувач на 3 балкански натпревари во: Македонија, Црна Гора и Косово. Иван бележи многубројни настапи во Македонија со оркестарот на МОБ и Македонската филхармонија, и на рецитали во различни градови во Македонија како што се: „Скопско лето”,  „Денови на македонската музика”,  „Интерфест” и  „Есенски музички свечености”. Низ неговата соло кариера, Иван бележи настапи во: Норвешка, Австрија, Хрватска, Германија, Чешка и др. Во 2015-та ја добива престижната македонска награда „Виртуози” во категоријата „млад уметник”, а во 2016 дебитира во МОБ на отворањето на „Мајските оперски вечери” со главната улога во истоимената опера „Евгениј Онегин”. Скорешните ангажмани ги вклучуваат улогата на Дон Фернандо во концертна изведба на „Фиделио“, и како солист во бетовеновата Деветта симфонија. Во 2020-та настапува со Симон Трпчески на сцената во Македонската филхармонија на фестивалот ДММ, и се наоѓа во финалето на натпреварот во Инсбрук, Австрија.

 

SHARE