Настан

Марија Ѓошевска- пијано, Македонија

Црква Св.Софија

23.08.2020

20:00 ч.

Продажба на билети

Програма:

 

Ф. Шопен: Валцер оп.18 Es-dur

Валцери оп.34 бр.1 As-dur, бр.2a-moll и бр.3 F-dur

 

Ф. Шопен: Ноктурно оп.15 бр.2 Fis-dur

Ноктурно оп.37 бр.2 G-dur

 

-Пауза-

 

Т. Манчев: Соната за пијано (посветена на Проф.Снежана Анастасова-Чадиковска)

 

Allegro

Andante – Тема со пет варијации

Allegro

 

М. Равел: „Благородни и сентиментални валцери“

I     Modere-tres franc

II    Assez lent- avec une expression intense

III   Modere

IV Assez anime

Presque lent -dansun sentiment intime

VI Assezvif

VII Moinsvif

VIII Epilogue: lent

 

Ф. Шопен: „Херојска полонеза“ оп.53  As-dur

 

Марија Ѓошевска  е една  од најистакнатите пијанистки во Република Северна Македонија. Секој нејзин нов настап ја потврдува констатацијата дека во нејзината личност македонската музичка сцена доби пијанист со врвни професионални перформанси, мунициозна виртуозност и изразита индивидуалност. Музичкото образование го започнува во Неготино во класата на проф.Камелија Кулакова, а средното музичко училиште го завршува во ДМБУЦ “Илија Николовски Луј” во класата на проф.Снежана Анастасова – Чадиковска. Дипломира, магистрира и докторира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на истакнатиот пијанист и педагог проф.Борис Романов.

Добитник е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари. Како солист и камерен музичар настапува на повеќе реномирани меѓународни фестивали: „Охридско лето”, „Скопско лето”, „Интерфест” – Битола, “Хераклејски вечери” – Битола и во повеќе земји низ Европа и светот: САД, Англија, Франција, Австрија, Италија, Полска, Чешка, Хрватска, Србија, Бугарија, Турција итн. Настапува како солист со Филхармонијата на Р.Северна Македонија, а значајни се и концертите со Дубровничкиот симфониски оркестар, Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија и фестивалскиот оркестар на меѓународниот фестивал „Охридско лето” соработувајќи со повеќе диригенти: Кристоф Кампестрини, Антон Нанут, Леонид Николајев, Патрик Штруб, Арилд Ремерајт, Јуриј Алиев, Саша Николовски – Ѓумар, Борјан Цанев и др.

Созревањето на Марија Ѓошевска во музичар со врвни перформанси се отчитува и во нејзините чести ангажмани како камерен музичар и пијано – соработник со истакнати инструменталисти. Член е на камерното трио „ВАМ“ со виолинистот Владимир Костов и челистот Александар Котевски, а како пијано дуо соработува со Елена Атанасовска -Ивановска.

Hа покана од Државното музичко училиште во Битола, Ѓошевска во периодот од 2009 до 2011 година учествува на европскиот проект „Пијано – рефлексија на европската култура” со концерти во пет земји: Франција, Австрија, Полска, Молдавија и Северна Македонија. Во 2016 г. Ѓошевска ја добива престижната награда „Виртуози“ за најдобар музички изведувач во Р. С. Македонија, а во 2018 ја добива наградата „Златна лира“ од Сојузот на музички уметници на Македонија за врвни уметнички достигнувања.

Марија Ѓошевска е редовен професор на катедрата по пијано и раководител на трет циклус – докторски студии на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје, член на Сојузот на музички уметници на Северна Македонија и член  на Сојузот на музички педагози на Република Северна Македонија.

SHARE