Настан

Машки вокален Ансамбл „Ноктурно“ , Србија

Предворје на црква Св.Софија

28.08.2020

21:00 ч.

Продажба на билети

Програма:

 

Руски традиционален напев: „Слава во вишњих Богу“

Сарти- Мјасников: „Радујте се луѓе“

Руски напев: „ Душе Моја“

П. И. Турчанинов: „Воскресни Боже“

А. Л. Ведељ: „Отвори ги вратите на покајаније“

А. Гавански: „Големо славословие“

Киевски напев: „Свјати Боже“

Д. Котур: „На твојот крст“

Старо-симонобска (трад):„ Иже Херувими“

К. Станковиќ: „Достојно ест“, „ Свет“, „Тебе Поем“

Л. М. Гавриловиќ: „О тебе радујсја“

Г. Максимовиќ: „Достојно ест“

 

 

 

Вокалниот ансамбл „Ноктурно“ е основан во 2005 г. и го сочинуваат професионални уметници кои се постојани членови на хорот на операта на Народниот театар во Белград. Ансамблот настанал со желба на домашната и странската публика да им се понудат дела од различни жанрови. Во текот на петнаесетте години постоење, ансамблот настапува во различни формации- од мешовит до само женски или само машки состав. Последните години „Ноктурно“ остварува плодна соработка со диригентот Ѓорѓе Станковиќ и се профилира како машки ансамбл кој ја негува традиционалната и духовна музика од Србија и Балканот. Остваруваат  бројни настапи на домашната, српска сцена, но и во странство во САД, Исланд, Хрватска, Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

SHARE