Настан

Озџан Улуџан-виолина; Бирсен Улуџан-пијано, – Турција

Предворје на црква Св.Софија

06.08.2020

21:00 ч.

Купи карта на интернет

Продажба на билети

Програма:

 

В. А. Моцарт: Соната за виолина и пијано e –moll KV 304

Allegro

Tempo di Minuetto

 

А. Аднан Сајгун- Свита за виолина и пијано „Демет“ оп. 33

Prelude

Horon

AğırZeybek

Sepetçioğlu

 

К. Дебиси: Соната за виолина и пијано L140

Allegro vivo

Intermède. Fantasqueetléger

Finale. Trèsanimé

 

-пауза-

 

Р. Штраус: Соната за виолина и пијано оп. 18 Es-dur

Allegro, ma non troppo

“Improvisation”, Andante cantabile

Finale, Andante. Allegro

 

Озџан Улуџан- виолина

 

Виолинистот Озџан Улуџан е роден во Бугарија, во семејство во кое уметноста била многу почитувана. Студирал во Бугарија, Турција, В. Британија и Германија со Здравка и Веселин Спирови, Грета  Бурива, Ифрах Ниман, Виктор Пикајзен, Џошуа Епштајн и Максим Венгеров кој го нарекол „еден од најуспешните студенти, вистински следбеник на мојата филозофија на сцена…“

Улуџан има остварено настапи со: англискиот камерен оркестар, „Амстердам Синфониета“, Виенскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар „Франц Лист“, оркестарот „Филхармонија“  во Лондон,  во престижни концертни сали како Ројал Алберт Хол, „Концертхаус“ во Берлин, „Концертгебау“ во Амстердам, како и на фестивалите во Будимпешта и Лудвигсбург.  Во Амстердам настапува заедно со Максим Венгеров со оркестарот „Амстердам Синфониета“ под диригентската палка на легендарниот , маестро Мстислав Ростропович.Има реализирано три ЦД-а за „Лила Мјузик Истанбул“,  а покрај концертната кариера тој е и професор на Конзерваториумот „Мимар Синан“ во Истанбул.

Улуџан е основач на ансамблот за нова музика „Хезарфен“.

 

Бирсен Улуџан-пијано

 

Турската пијанистка Бирсен Улуџан е родена во Бугарија и учела пијано во Музичкото училиште во Варна со Е. Цветкова, на Истанбулскиот државен конзеравториум со М. Јапали и на Школата за музика „Гилхол“ во Лондон со Џ. Хавил. Магистрира на Сити универзитетот во Лондон.

Настапува низ цела Европа и тоа со водечките оркестри во Турција, со Виенскиот камерен оркестар, со камерниот оркестар „Франц Лист“, а одржува концерти и на реномираниот фестивал „Моцартеум“ во Салцбург, на Истанбулскиот фестивал и на Фестивалот „Флан“ во Франција. Настапува заедно со реномирани музичари како:  Марата Гулјас, Максим Венгеров, Ричард Роса, Изабел ван Кулен, Фернандо Перез, Кристијан Полтера, Озан Тунча, како и со нејзните брат и сестра виолинисти Ајшен Улуџан и Озџан Улуџан.

Покрај кариерата како солистка и камерен музичар, Бирсен Улуџан е посветен педагог на студенти на ниво на конзерваториум, но и на работа со најмладите.

Има снимено три ЦД изданија за „ Лила Мјузик“.

SHARE