Настан

„Подиум на млади“ Филип Петрески, хармоника, Северна Македонија

Црква Св.Софија

11.07.2021

20:00 ч.

Продажба на билети

Филип Петрески е роден на 18.06.1998 во Прилеп, Македонија. Основното музичко образование го завршува во ООМУ ,,Ордан Михајловски – Оцка’’ во родниот град. Своето образование го продолжува во ДМБУЦ ,,Илија Николовски – Луј’’ Скопје во класата по хармоника на проф. м-р Зорица Каракутовска, во чија класа на Факултетот за Музичка Уметност Скопје при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје неодамна дипломираше со највисока оцена “cum laude”.

Во текот на своето образование редовно учествува на бројни концерти и фестивали во Македонија и во странство, како солист и член во разни камерни состави. Зема учество во меѓународниот проект “WORLD ACCORDION DAY” (6-ти мај Светски ден на хармониката), на Musica Viva, концерти организирани од Музичка младина на Македонија, Фестивалот “Златна Лира”, Фестивал на млади хармоникаши и други.

На најпрестижниот светски натпревар за хармоника, “Coupe Mondiale”, кој во 2015 г. се одржа во Турку – Финска го промовираше македонското творештво за хармоника со изведба на делото “Dej-gi-di” од Бете Илин.

Филип Петрески е добитник на голем број награди и признанија на државни и меѓународни  натпревари, од кои последната е неодамна,  во јуни 2021г. – Златен медал во Италија на 12-иот интернационален натпревар за хармоника “ITALY AWARD”.

SHARE