Настан

Сора Дуо

 

Дуото  „Сора“ е основано во 2015 година, а само година подоцна го одржува својот прв концерт. Оттогаш редовно настапуваат на разновидни настани, на кои изведуваат свои композиции, аранжмани на познати дела, како и дела од класичната музика, традиционалната и народната музика, филмската музика, свирејќи притоа на различни инструменти – саксофон, хармоника, пијано, виолина и други. Дуото е добитник на специјалната награда од публиката на 14-тиот концерт во салата Јуме во Јапонија во 2016 година.

Учида Шиори започнува да учи пијано на две-годишна возраст, а саксофон 10 години подоцна. Дипломира на Колеџот за музика „Кунитачи“, а како резултат на успешните студии започнува да настапува како солист со Универзитетскиот симфониски оркестар и други камерни состави. Студирала под менторство на Кумои Масато, Араки Коичи и Коџи Јуреи – професори и вистински професионалци во својата дејност. Посетувала и мајсторски курс кај познатиот американски саксофонист Фредерик Л. Хемке.

Фати Фехмију своето музичко образование го започнува свирејќи хармоника и виолина. Уште од рана возраст го привлекува композицијата, па затоа паралелно се запишува на академски студии по виолина и композиција. Магистрира музикологија и музичка педагогија, а воедно студира и компјутерска музика на Колеџот за музика „Кунитачи“ во Токио, каде ги започнува и своите докторски студии. Во кариерата соработувал со истакнати артисти, а добитник е и на повеќе награди.

 

Програма:

 

Традиционална песна: Кавал свири

 

Традиционална песна: Ерген дедо

 

Јохан Себастијан Бах (1685-1750): Air

 

Александар Бородин (1833-1887): Половцијански танци од операта „Принц Игор“

     Суита од операта „Принц Игор“

 

Антонио Вивалди (1678-1741): Кончерто гросо  g – moll, RV 578

  1. Adagio e spiccato
  2. Allegro
  3. Larghetto
  4. Allegro

 

Фати Фехмију : Hollows за хармоника и сопран саксофон

 

Астор Пјацола (1921-1992): Oblivion

 

Дуо „Сора“ : Сора валцер бр. 2

 

Алесандро Марчело (1673-1747): Концерт за обоа  d – moll, S. Z799

  1. Andante
  2. Adagio
  3. Allegro

 

Традиционална песна: Sakura

 

Бела Барток (1881-1945): Романски народни танци, Sz. 56 

  1. Joc cu bâtǎ
  2. Brâul
  3. Pê-loc
  4. Buciumeana
  5. Poargǎ româneascǎ
  6. Mǎrunţel

 

Астор Пјацола (1921-1992): Libertango

 

*Сите дела се во аранжман на Сора Дуо

SHARE