Настан

Театарска претстава „ТОБИ“

Центар за култура Григор Прличев

26.07.2018

19:00 ч.

Купи карта на интернет

Продажба на билети

Овој пат „Театарот за деца и младинци“ подготвува навистина специфична бајка длабоко мотивирана од чисти хумани сфаќања. Ова е приказна за едно куче Тоби, кое се срами од свojoт изглед.  Тоби го минува патот на спознавање една голема вистина.

„Постои нешто, особено кај младите, што изгледа како ненадминлива препрека. Во тие години никако не сте задоволни од сопствениот изглед. Меѓутоа ако имате пријателка како госпоѓата Флора, вие, како јазовичарот Тоби ќе се согледате од сосема друг среќен агол со помош на пријателите. И уште нешто: „Никогаш немојте да се китите со туѓите перја. Ќе испаднете смешни.“

Драгослав Тодоровиќ

И покрај овој суштински аспект на детската драма, во неа се читаат и откриваат навистина сѐ уште актуелни проблеми кај луѓето: необјаснива желба за промена на сопствениот изглед, дискриминација по најразлични основи, физички, социјални, расни итн. Во секој случај најважно е ние самите да бидеме среќни и да бидеме прифатени со она што го носиме, со она што имаме да му го понудиме на овој свет.  Публиката ќе може да види навистина богати, ведри и духовито дизајнирани кукли кои вешто водени од актерите ќе донесат многу свежина и игра во детските очи.

Луѓето, кои многу искрено ќе ви го донесат „Кучето Тоби“ на сцената се:

 

Креација на кукли, сценографија и костими: Ирина Сомборац

Изработка на кукли: Кирил Василев и Ирина Сомборац

Изработка на костим: Љубица Велкова

Улоги :

Марија Ѓорѓијоска
Катарина Илиевска – Силјановска
Винета Дамческа – Мојаноска
Ана Левајковиќ – Бошков
Мики Анчевски

Театарска претстава за деца и млади!

SHARE