Настан

Театарска претстава „Хадерсфилд“ Од Угљеша Шајтинец Режисер: Рене Медвешек

Загрепски младински театар, Хрватска

 

Угљеша Шајтинец е роден во Зрењанин, во 1971 година и е еден од најзначајните современи српски драматурзи,  добитник на голем број награди вклучувајќи ја и Европската награда за литература, како и Стеријина награда за „Хадерсфилд“ во 2005 година. Наведената театарска претстава, исто така, беше поставена во Југословенско драмско позориште (ЈДП) во Белград и со десетгодишното опстојување на репертоарот и гледаноста стекна култен статус, како и истоимениот филм кој беше  повеќе пати наградуван.

„Хадерсфилд“ е мрачна, потресна и духовита приказана за една триесет годишна генерација, која ги доживува последиците од војната и не гледа пред себе никаква иднина.

Најпосле со враќањето на еден од ликовите во родниот град од Западен Јоркшир, во Зрењанин, а во хрватската верзија во Карловац, се прикажува можноста за поставување на оваа приказна во кој било град во јужниот дел на европските земји во транзиција и премин кон т.н капитализам. Со оваа промена ликовите веруваат дека започнува рај на земјата, а дочекуваат војни, тајкуни, криминал, невработеност и грчеви во стомакот. Од овие земји, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и други, илјадници млади луѓе денес секојдневно заминуваат не знаеме каде, не сакајќи да се свртат наназад, а оние што остануваат тука, живеат живот со постојани разочарувања и незадоволство.

“Гледаш, мене Хадерсфилд ми звучи сончево” – во оваа едноставна реченица, која при крајот на претставата како реплика ја изговара еден од протагонистите, сместен е цел брутален но неверојатно порозен свет.

„Хадерсфилд“ постави темна, духовита и многу трогателна приказна за една генерација од триесет години, која на крајот од новиот милениум тешко ги остави зад себе последиците од војната, и пред себе не гледа никаква индикација за подобра иднина. Во такви околности, и во време на потполно распаѓање на морални и материјални вредности, дури и дождливото јоркширско предградие се чини како ветена земја. Токму од таму се враќа еден од ликовите во оваа претстава, а со своето враќање ги отвора никогаш нерешените прашања и трауми од времето за кое сите мислат дека е одамна заборавено.

 

 

Адаптација и драматургија: Томислав Зајец

Сценографија: Тања Лацко

Костимографија: Дорис Крстиќ

 

Улоги:

Рац-Дадо Чосиќ

Игор-Адријан Пездриќ

Иван-Матео Видек

Татко-Дамир Шабан

Марко Ивановиќ-Филип Нола

Дукс-Бернард Томиќ
Милица-Тина Орландини

SHARE