Настан

Театaрска претстава Бакхи – Краток преглед на распадот по Бакхи од Еврипид Режисер: Игор Вук Торбица

Центар за култура Григор Прличев

25.07.2019

21:00 ч.

Купи карта на интернет

Продажба на билети

НУ Народен театар Битола

Меѓу преостанатите и сочувани грчки трагедии на Еврипид, Бакхи се издигнува заради неколку тематски и формални причини, но можеби најважна е таа што Бакхите ја содржат алузијата на театарот сам по себе и фактот дека тие говорат за неговата скриена моќ и нашето цивилизациско сознание: моќта на раскажување на приказни.

Можеме да кажеме дека Бакхи се прапочеток на „мета театарскиот“ текст.

Овој текст е длабока загатка за релативноста и променливоста на нашиот идентитет. Студија за тоа во што го препознаваме божественото, истовремено и потсетник дека тоа, „божественото“ доаѓа во облици кои не сме подготвени  да ги прифатиме и да ги препознаеме.

Но, можеби нај интересното прашање со кое се занимаваме во нашата претстава е: зошто нашиот идентитет, наместо во вредностите кои ги делиме и за кои се бориме, пред се’ е конституиран „со она другото“ – непријателство спрема „надворешниот противник“? Дали на тој начин криеме дека вистинскиот „непријател меѓу нас – сме самите ние?“,дека сме вистински странци себеси и едни на други, односно дека ништо не не саботира повеќе отколку општествените препреки коишто самите си ги наметнавме.

Игор Вук Торбица, режисер

 

Игор Вук Торбица дипломирал во 2013 година на Катедрата за театар и радио режија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Добитник е на наградата „Хуго Клајн“ за најдобар студент на театарска режија во генерацијата. Неговата испитна претстава е вклучена во редовниот репертоар на Југословенско драмско позориште –ЈДП во Белград  а на деновите посветени на Нушиќ, во Смедерево била прогласена за најдобра претстава на фестивалот. За претставата „Хинкеман“ режисерот на ЈДП во Ужице во 2016 година, ја доби наградата „Ардалион“ за најдобар режисер. Според стручното жири и мислењето на публиката, ова беше најдобра изведба на фестивалот. На 31. Издание на фестивалот „Гавела вечери“ најдобра претстава повторно била „Хинкеман“ и Торбица повторно ја добил наградата за најдобар режисер. Истата претстава, ја доби Наградата на хрватскиот театар за најдобара драмска претстава во целина, а на неодамнешниот 24. Меѓународен фестивал на мали сцени во Риека, „Хинкеман“ освои четири награди од жирито, од кои и таа за најдобар режисер.

 

ДИОНИС– Маја Андоновска – Илијевски

ПЕНТЕЈ– Огнен Дранговски

ТЕЈРЕСИЈА – Соња Михајлова

КАДМО –Иван Јерчиќ

АГАВА – Илина Чоревска

ГЛАСНИКОТ – Мартин Мирчевски

СЛУГАТА – Васко Мавровски

ХОРОВОДЕЦОТ – Викторија Степановска – Јанкуловска

ХОРОТ НА БАКХИТЕ:

Валентина Грамосли

Петар Спировски

Сандра Грибовска

Анастазиа Христовска

 

Драматург: Билјана Крајчевска

Костими: Благој Мицевски

Сценографија: Валентин Светозарев

Автор на музика: Александар Димовски

SHARE