Настан

ФУКИО САКСОФОН КВАРТЕТ, ШПАНИЈА

Предворје на црква Св.Софија

16.08.2020

21:00 ч.

Продажба на билети

Програма:

 

А. Дворжак (аранжман „Фукио саксофон квартет“):

Гудачки квартет F-durбр. 12 оп. 96 „Американски квартет“

Allegro ma non troppo

Lento

Molto vivace

Finale. Vivace ma non troppo

 

И. Албениц:    „Кордоба“  (од Циклусот „Песни од Шпанија“ оп. 232)

 

А. Пјацола:  „Фугата“

 

М. Ниман (арр. Дејвид Роач): Гудачки квартет бр. 2

I-III

 

М. М. Понсе (арр. „Фукио саксофон квартет“): Интермецо бр. 1

 

Г. Лаго: “Градови“

-Токио

-Сараево

-Адис Абеба

 

Хоакин Саез Белмонте- сопран саксофон

Хавиер Ларсон Паез- алт саксофон

Хозе Мануел Бањулс Маркос, тенор саксофон

Kсабиер Касал Арес- баритон саксофон

 

„Фукио“ се еден од највозбудливите млади саксофон квартети во Европа. Од нивното основање во 2007 г. квартетот е интензивно посветен на истражувањето на камерната музика за саксофон.

Тие настапуваат на сцените во: Германија, В. Британија и Шпанија, во Фондацијата „Хуан Марч“ и Национлниот аудиториум во Мадрид, но и на бројни фестивали како Австриската академија „Импулс“, фестивалот за современа музика во Хадерсфилд, Фестивалот за саксофон во Мајорка, како и на фестивали во Келн, Дизелдорф, Франкфурт и на Фестивалот Young Euro Classis во Берлин.

Добитници се на бројни награди и признанија од меѓународни натпревари како натпреварот на Музичката младина на Шпанија, натпреварот „Класична порта“ во Барселона, и меѓународниот натпревар Јамаха во Мадрид. Го освојуваат и златниот медал на натпреварот во Луксембург, прва награда на Високата школа за музика „Менделсон“,  како награди во Милано и на натпреварот за нова музика во Карлсруе. Активно се посветени на порачки на нова музика за нивната формација, а еден од главните интереси на „Фукио“ е образовната работа и работата со млади, па често одржуваат мајсторски курсеви и работилници на Универзитетот во Источна Англија и на музичката академија на Балеарските острови. Нивни ментори се квартетот „Касалс“, а поддржани се од фондацијата „Вернер Рихард- Карл Доркен“.

SHARE