Настан

Чешка вечер, Вихан квартет, Чешка

Црква Св.Софија

05.08.2021

21:00 ч.

Продажба на билети

Во 2015 година,  квартетот „Вихан“ прослави 30 години постоење и низ годините стана еден од најпризнатите гудачки квартети чија специјалност е изведбата на дела од чешката музичка ризница, како и на дела од класичниот, романтичниот и модерниот репертоар за квартет.  Нивното аудио издание со делата од опусот 34 и опусот 105 на Антонин Дворжак беше прогласено за „Снимка на годината“ на Мјузиквеб интернашнл, додека пак специјализираниот весник за класична музика Би-Би-Си Мјузик Магазин нивната снимка на оп. 61 од Дворжак ја оцени како „Една од најдобрите снимени изведби на делото досега“. Во 2012/2013 година квартетот „Вихан“ беше резидентен ансамбл на Чешкото здружение за класична музика во концертната сала „Рудолфинум“ во Прага. Добитници се на бројни награди на интернационални натпревари како „Прашка пролет“ и „Камерниот фестивал“ во Осака, Јапонија. Во 1991 година квартетот ја освојува првата награда и наградата од публиката на престижниот натпревар за гудачки квартети во Лондон по што стануваат резидентен квартет на Конзерваториумот за музика и танц „Тринити-Лабан“ во Лондон.

Во 2014 година од квартетот се повлекува виолистот Јиржи Зигмунд, а во 2017 година по 32 години музицирање, крај на кариерата во квартетот става и виолончелистот Алес Касприк. Нивните места во ансамблот ги заземаат виолистот Јакуб Чепицки, син на долгогодишниот виолинист во квартетот- Леош Чепицки, и признатиот чешки виолончелист Михал Канка.

 

SHARE