Настан

Шпанска вечер

Еугенија Боикс своето музичко образование го започнува во родниот град Монзон, Шпанија. Дипломира на Конзерваториумот за музика на Саламанка, по што се запишува на постдипломски курс по пеење во Школата за музика на Каталонија и магистерски музички студии на Кралскиот конзерваториум во Брисел. Во текот на својата кариера, Боикс настапувала во повеќе оперски куќи со одлични оркестри, под диригентската палка на еминентни диригенти од светот. Во нејзиниот репертоар, покрај оперите, често може да се сретнат и ораториуми. Настапува и како камерен музичар со голем број познати изведувачи и ансамбли во Франција, Италија, Швајцарија, Австрија, Германија, Русија, Полска и Америка. Има направено и снимки за повеќе радија во Шпанија и надвор од неа, меѓу кои и Националното радио на Шпанија, португалски и австриски радио станици за класична музика, БиБиСи и телевизијата „Медичи“.

Ана Ферер е родена во Жирона, Шпанија во познато музичко семејство. Пијано и камерна музика изучувала на Конзерваториумот во Жирона и Барселона, дипломирајќи со највисоките оценки и бројни награди. По ова, своето свирење продолжува да го усовршува кај Емануел Ферер, Роберто Браво, Едит Фишер, Пол Бадура-Скода и Луиз де Мура Кастро. Ана Ферер редовно настапува како камерен музичар во состави со признаени музички уметници, но не ја запоставува ни својата солистичка дејност, соработувајќи притоа со различни оркестри во повеќе земји во светот. Има направено снимки за радио и телевизиски станици, а често издава и компакт дискови за германските издавачки компании „Lambdoma“ и „Goodlife Records“. Истовремено води и одлична педагошка дејност на Конзерваториумот во Жирона, каде веќе 12 години го води одделот за пијано и камерна музика.

 

Програма:

 

Енрике Гранадос (1867-1916): Тонадиљи и љубовни песни

  1. El tra la la y el punteado
  2. Amor y odio
  3. No lloreis ojuelos
  4. El majo discreto

 

Федерико Момпу (1893-1987): Песни

  1. Damunt de tu nomes les flors
  2. Jo et presentia com la mar

 

Јоакин Турина (1882-1949): Од поема во форма на песни

  1. Cantares
  2. Los dos miedos
  3. Las locas por amor

 

Мануел де Фаља (1876-1946): Седум популарни шпански песни

  1. El paňo moruno
  2. Seguidilla murciana
  3. Asturiana
  4. Jota
  5. Nana
  6. Canción
  7. Polo

 

Пабло Луна (1879-1942): Од зарзуелата „За еврејското дете“

  1. De Espaňa vengo

 

Франциско Асењо Барбиери (1823-1894): Од зарзуелата „Берберот од Лавапиес“

  1. La Canción de la Paloma

SHARE