Настан

Јубилејна изложба 30 години творештво во Охрид Стефан Хаџи-Николов – Масло на платно

Различни локации во градот

19.07.2019

20:00 ч.

Продажба на билети

 

Стефан Хаџи-Николов самостојно изложувал 75 пати во Скопје, Охрид, Солун, Истанбул, Анкара, Софија, Пловдив, Варна, Белград, Ниш, Приштина, Лондон, Париз итн.  Оваа изложба ќе биде негово осмо самостојно претставување во Охрид  одбележувајќи 30 годишен јубилеј од првата самостојна изложба во Охрид. Изложувајки 8 пати во Охрид,  сликарот успеал да се претстави со повеќето свои творечки периоди. На изложбата се претставува со фигуративни и не фигуративни слики и за прв пат го слика градот Охрид, неговата околина  со еден специфичен ликовен израз.

Стефан Хаџи-Николов е  роден 1955 година во Скопје. Педагошка Академија, група ликовно воспитување завршил 1975 година во Скопје. Организирал 75 самостојни изложби, а учествувал на повеќе од 200 групни изложби.. Учествувал на повеќе ликовни колонии и саеми на уметноста. Добитник е на 16 награди меѓу кои и  Државната награда „23 октомври“ за долгогодишни остварувања за Република Македонија во областа на културата и уметноста како и наградата „13 ноември“ на град Скопје за долгогодишни високи остварувања во областа на сликарството.

SHARE