Настан

„176 Клучеви“ Боите на црното и белото

   

Пијанистката Сун Хи Јоу е една од највозбудливите изведувачи во подем, која постојано ја воодушевува публиката низ светот. Уште од самото нејзино деби, таа од дете-гениј прераснува во комплетен музички артист со изразена експресивност и техничка зрелост во свирењето. Соработувала со голем број оркестри под диригентската палка на исклучителни светски диригенти. На нејзиниот репертоар се наоѓаат разновидни дела – почнувајќи од времето на Барокот, па сè до дела од дваесеттиот век. Има издадено и неколку компакт-дискови.

Пијанистот Марко Чампи е извонреден изведувач, тоа го  докажува и фактот што досега има победено на преку 30 национални и интернационални пијано натпревари. Дипломирал на престижниот конзерваториум „San Pietro a Majella“ во Неапол во 2003 година со највисоки оценки. Како солист, Чампи досега се појавил на некои од најпрестижните сцени во Европа и Америка, како и на повеќе фестивали во светот. Во текот на својата кариера работел со проминентни оркестри и истакнати композитори и изведувачи. Неговите изведби редовно се емитуваат на престижни радио станици.

 

Програма:

 

Франц Лист (1811-1886): Тарантела од „Венеција и Неапол“

изведува: Марко Чампи

 

Фредерик Шопен (1810-1849): Ноктурна оп. 27

  1. Lento sostenuto

                                    изведува: Сун Хи Јоу

 

Клод Дебиси (1862-1918):  Clair de lune од „Бергамаска суита“

 

Витолд Лутославски (1913-1994): Варијации на тема од Паганини

 

Лудвиг ван Бетовен (1770-1827)/Франц Лист (1811-1886): Симфонија бр. 9 – Финале

изведуваат: Сун Хи Јоу и Марко Чампи

                            

  • пауза –

 

Џорџ Гершвин (1898-1937): Рапсодија во сино

                             изведуваат: Сун Хи Јоу и Марко Чампи

 

Фридрих Гулда (1930-2000): Свири пијано свири бр. 6 – Токата

                             изведува: Марко Чампи

 

Николаи Капустин (1937): Прелудиум од „Осум концертни етиди“, оп. 40

                             изведува: Сун Хи Јоу

 

Николаи Капустин (1937): Парафраза на „Мантека“ од Дизи Гилспи за две пијана, оп. 129

 

Астор Пјацола (1921-1992): Adios Nonino

 

Марко Чампи (1981): Варијации на „La Folia“

 

Битлси: „Hey Jude“

SHARE