Настан

85 години од раѓањето на Томислав Зографски

Црква Св.Софија

19.08.2019

21:00 ч.

Продажба на билети

 

Оваа 2019 г. се навршуваат 85 години од раѓањето на композиторот Томислав Зографски (1932-2000).

Тој е еден од основоположниците на македонската композиторска школа и автор на повеќе од 150 дела. Томислав Зографски претставува значајна алка во создавањето на современиот македонски композиторски израз, не само поради неговиот личен опус, туку и поради влијанието кое го имал во создавањето на нови млади композитори преку неговата педагошка дејност на Факултетот за музичка уметност чиј декан и продекан бил.

Делата на Зографски се изведувани во САД, Русија, Јужна Америка, Мексико, Австралија,Нов Зеланд, Шведска, Грција, Шпанија, Франција, Литванија, Грузија,Украина, Велика Британија, Италија и во сите центри на поранешна Југославија. Добитник е на две награди за животно дело, како и на голем број значајни награди за композиции и за филмска музика. Неговите дела се издадени на носачи на звук, а музикологот Марко Коловски е автор на монографија посветена на ликот и делото на Томислав Зографски. Дел од неговото творештво се наоѓа во библиотеките на престижни музички образовни институции во Полска, Германија, Казакстан, Русија, Швајцарија, Србија и Кина.

 

На авторската вечер посветена на творештвото на Томислав Зогравфски учество ќе земат реномираните македонски уметници:

 

Марија Ѓошевска-пијано

Елена Атанасовска-Илиевска- пијано

Марија Вршкова-пијано

Даница Стојанова-пијано

Марјан Милошевски-фагот

Ристо Ѓоревски-кларинет

Билјана Камчева-флејта

Гудачки квартет „Зографски“

SHARE