Настан

ZZ квартет

Предворје на црква Св.Софија

08.08.2021

21:00 ч.

Продажба на билети

ZZ Quartet

Музичкиот идентитет на овој квартет рефлектира и апсорбира различни музички стилови, но една од неговите најзначајни карактеристики е индивидуализмот и неверојатната умешност на неговите членови кој може да креира интимна или исклучително интензивна музичка атмосфера. Иако имаат различни музички подготовки кои вклучуваат џез, модерна класика и ворлд мјузик,  тие соработуваат заедно на оригинални композиции но, понекогаш создаваат и неверојатни еднократни импровизации. Нивната музика ги брише границите помеѓу нотираната музика и импровизацијата, а на тој начин се создаваат звучни слики кои иако имаат некаква основа, ги поместуваат границите на модернаѕа импровизирана музика.

 

Ратко Зјача- гитара

Ратко Зјача е наградуван гитарист и композитор кој зад своето име има бројни албуми снимени со некои од најзначајните артисти од светот на џезот и модерната импровизација. Сметан за иновативен музичар, Зјача, исто така е ценет за неговата исклучителна гитарска техника. Неговиот личен музички стил го прави неверојатен импровизатор, а тоа му носи бројни соработки во живо, а и на снимки со некои од најзначајните џез музичари на денешницата. Во 2019 година ја добива Наградата за достигнување, авторство и уметничка креација во областа на џез музиката која ја доделува Здружението на хрватски композитори.

 

Вид Јамник-удиралки

Вид Јамник е роден во Словен Градец, Словенија во 1993 и дипломира на отсекот за џез студии од Универзитетот во Клагенфурт. Во 2011/12 учествува на пет месечна размена во „Еразмус“ програмата студирајќи на Институтот за џез во Берлин со Дејвид Фридман, а во 2015 го издава првиот албум за Алеса рекордс. Во 2018 дипломира џез композиција и џез интерпретација со највисоки оценки на бостонски „Беркли“. Во последните години неколку пати оди на турнеја во Тајван со „Мизформ проект“ со кој свират специфичен спој на традиционална тајванска музикс и џез, а исто така креира специфичен проект наречен „Вива џез форма“ кој е фузија на звуци добиени од перкусии на метални скулптури со џез, техно и електронска музика. Дел е од повеќе бендови и групи како: Ратко Зјача дуо и квартет, You’ve got that swing со Еди Луис и Џез пасинџерс, Џез континуо и др. Вид Јамник е ексклузивен артист на Балтер Малетс.

 

Мартин Ѓаконовскиакустичен контрабас

Роден во музичко семејство во Скопје, Мартин Ѓаконовски е задоен со џез музиката од неговиот татко, Драган Ѓаконовски-Шпато кој е основач и раководител на Биг Бендот на Македонското радио, а и од неговата мајка која била џез- вокалистка.  Започнал да учи класичен контрабас на 14 годишна возраст, но набргу на површина излегува неговата фасцинација од џезот и тој го формира својот прв бенд „Трио Шпато“. Во 1991 година се сели во Келн, Германија каде  студира џез контрабас на тамошната академија, и набргу станува екстремно баран од страна на германските и светски џез музичари. Кариерата го носи низ целиот свет со значајни соработки со бројни артисти, а има снимено преку 150 албуми.

 

Јоже Здравец- тапани

Јоже Здравец студира џез на Државниот конзерваториум во Клагенфурт, Австрија и има завидна кариера како инструменталист кој настапува на бројни интернационални фестивали со сите значајни словенечки музичари и бендови. Настапува во Швајцарија, Австрија, Хрваткса, Србија, Германија, а учествува на работилници предводени од Грегори Хатчинсон, Вили Џонс, Били Харт, Џими Коб, Гери Барц,  Боб Минцер, Армен Донелиан и Дон Менза. Од 2017 година предава тапани и ритам на одделот за џез музика на Конзерваториумот за музика и балет во Марибор.

 

SHARE