Новост

Бергман пијано дуо приреди несекојдневна музичка вечер во Света Софија

18.07.2017

SHARE

Please follow and like us:
Instagram

Љубителите на класичната музика синоќа во акустичната црква Света Софија, во рамки на фестивалот „Охридско лето“, имаа вистинско уметничко доживување со пијано звуците на Канадското дуо Бергман.

Светски познатите уметници  кои заедно функционираат од далечната 1989 година и изведуваат мешавина на класични и современи дела, вклучувајќи ги и нивните оригинални композиции и аранжмани приредија неповторлива музичка вечер.

Повеќе од две децении – Елизабет и Марсел Бергман се присутни на светската музичка сцена. Нивните рецитални настапи и концерти со оркестар ги водат насекаде низ светот- во САД, Италија, Германија, Холандија, Грција и Канада каде настапуваат на значајни интернационални фестивали меѓу кои оние во Сан Франциско, Калгари, Ванкувер, Мајами, Драмштад и др. Носители се на награди и признанија во Каталанисета (Италија,) како и на специјалниот натпревар  за дуо пијано „Мареј Дреноф“ во Мајами, чии уметнички директори се во 2004/2005 година.