Новост

Античкиот театар безбеден за уметниците и посетителите

04.08.2020

SHARE

Please follow and like us:
Instagram

Фестивалот „Охридско лето“  како најголема културна манифестација ги презема сите безбедносни мерки за здраствена заштита за реализација на годинешнава јубилејна програма. Пред вечерашното Свеченото отворање, на целиот простор, сцената и гледалиштето на Античкиот театар, е направена дезинфекција од страна на Центарот за јавно здравје. Ваква заштита ќе се прави и по завршување на концертот. Со тоа обезбедуваме целосна безбедност и заштита како за  уметниците така и за публиката.

Според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од Пандемијата Ковид 19 ќе се почитуваат и мерките за носење маска, одржување на физичко растојание од два метри на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, дезинфекција на раце на влез на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, мерење на температура на влез за секој посетител, спроведување на коридорски систем на движење на публиката.

Според препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести, а со цел беспрекорна заштита оваа година Охридско лето настаните ги реализира на отворен простор. Свеченото отворање е на Античкиот театар каде од вкупниот капацитет од 1700 места ќе се намали на 400 односно гостите ќе бидат распоредени на 2 метри растојание на секој втор ред од гледалиштето.