Новост

„Буре барут“ – хипер-реална алегорија за социо-културните стереотипи

10.08.2019

SHARE

Please follow and like us:
Instagram

Фестивалот „Охридско лето“ синоќа на сцената „Долни Сарај“  ја донесе театарската претстава  „Буре Барут“ на Дејан Дуковски, во режија на Јилдирај Шахинлер а во изведба на актерите на на Народниот театар Истанбул.

Турскиот драмски ансамбл покажа дека  „Буре-Барут“ , хипер-реалната алегорија на балканскиот социо-културен стереотип е всушност карактеристична и за останатиот дел од светот, па и за Турција.

Идејата на Дуковски е да го прикаже Балканот преку метафоричната синтагма: буре барут; и „сите сакаат да фатат џаде“. Оттука започна и мотивацијата на ликовите, на нивните постапки: убиства, осакатување, неверства, заговори, обиди секогаш безуспешни. Тие маргиналци се непредвидливи, фрустрирано понесени кои или завршуваат со само/убиство или продолжуваат во ќорсокак резигнирани и носталгични; типови кои немаат поим како да се вратат во некаква нормала, носени од (некаков) балкански во ген пишан рецепт за животот.

Секоја од вкупно 11-те сцени во „Буре барут“ беше самостојна и секогаш еден од ликовите од претходната го имаше и во следната сцена, при што тие ликови-провлекувачи, како да обединуваа една виртуелна целина.

Како што појасни режисерот, Шахинлер, кое е и актер во „Буре Барут“, но и уметнички директор на Народниот театар Истанбул, со цел да се долови приказната, направена е и мала инпровизација, како што рече, со дозвола од драматургот и од самите актери.

 „Буре Барут“ на Дејан Дуковски е претстава што е прикажана во многу европски земји и пошироко.