Новост

Концертот на Музичката младина на Македонија ќе може да се следи преку интернет

23.07.2018

SHARE

Please follow and like us:
Instagram

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија(МММ) на 30. јули ќе настапи во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“.

Љубителите на музичката уметност кои нема да бидат во можност да присуствуваат во црквата „Света Софија“ каде што ќе се одржи концертот,  ќе може да уживаат во камерниот оркестар на МММ преку преносот на интернет.

Лајв-стримингот ќе може да се следи и преку интернет-страницата на „Охридско лето“, како и на ФБ-страницата на фестивалот.

Лајв-стримингот е новина која се практикува на сите светски фестивали.

-Охридско лето“ во соработка со генералниот спонзор „Македонски Телеком“  и „МЕГА продукција“  ја воведе ваквата практика на веб-продукција со цел фестивалот да се доближи до најсовремените технолошки и ИТ-достигнувања, велат во дирекцијата на „Охридско лето“.

Лајв-стриминг се реализира и за свеченото отворање на фестивалот на 12 јули, кога се одржа концертот на големите оперски имиња, сопранистката Елена Мошук и тенорот Калин Братеску кои настапија со оркестарот на Македонската филхармонија под диригентската палка на маестро Николае Молдовеану.