Новост

„Охридско лето“: Вечна благодарност и почит кон Џеси Норман за нејзината големина

01.10.2019

SHARE

Please follow and like us:
Instagram

Фестивалот „Охридско лето“ жали за големата загуба, смртта на американската оперска дива, Џеси Норман(74) која ќе остане запишана во фестивалската историја како една од најголемите ѕвезди кои настапиле на сцената од „Охридско лето“.

Големите личности секогаш имале посебно место на сцената на „Охридско лето“. Вечно ќе и бидеме благодарни на најголемата светска ѕвезда во музичката уметност која на 48-то „Охридско лето“ одржа концет за паметење.

Нејзиниот раскошен глас остави печат на величина на уметник што го вивна фестивалот далеку на врвот меѓу најдобрите, ги помести границите на врвната уметност која може да се доживее на нашата сцена, ги урна рекордите на посетеност…. Таа ѕвездена ноќ насловена „ Од Америка со љубов“ ќе остане засекогаш во фестивалската историја на „Охридско лето“ како еден од највеличенствените и најексклузивните настани на Античкиот театар.

Норман, која како дете пеела госпел во црковниот хор, со години ја градеше оперската кариера низ Европа, пеејќи за германски и италијански оперски куќи. Од 1962 година, дебитира во операта во Филаделфија, а следната година ја освојува и славната опера „Метрополитен“. Во средината на 80-тите беше меѓу најбараните сопранистки во светот.

Норман пееше на втората ингурација за американските претседатели Роналд Реган и Бил Клинтон, но и на отварањето на Летните олимписки игри во 1996 година, како и на Меморијалот за жртвите од нападите на 11 септември, во 2002 година.

Има освоено четири Греми награди, Греми за животно дело, како и признание од центарот „Кенеди“.

Вечна и слава,

Н.У „Охридско лето“