Новост

„Охридско лето“ организира работилница посветена на македонската музика

29.10.2019

SHARE

Please follow and like us:
Instagram

Во организација на Националната установа „Охридско лето“ утре во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток во 19 часот ќе се одржи работилница под наслов „Ритамот – Движењето, Музиката – Дишењето“ .

Работилницата ќе ја одржи познатиот музичар и композитор Оливер Јосифовски, основач на групата „Љубојна“ заедно со пијанистот Филип Димишковски, Тимко Чичаковски на канон и Демир Кантуровски на труба.  Ќе биде презентирана дел од музиката што на посебен начин Јосифовски ја креира заедно со „Љубојна“ во текот на изминатите години и преку која  членовите на овој музички состав станале амбасадори, препознатливи по единствениот музички македонски јазик.

Тие преку класичните музички форми, преку игривите форми на џез музиката и разноликоста на нерамноделните ритмови од Македонија, ќе презентираат  нов автентичен израз во целата слика, што се вика светска музика.

Битолчанецот Оливер Јосифовски завршилна Музичкиот конзерваториум , „Панчо Владигеров“ во Софија, на отсекот џез музика, инструмент контрабас, каде што се здобил со високо признание и  награда со што го продолжува музичкото образование  на Универзитетот во „Беркли“ во САД. Магистрирал применета музика, филмска и театарска музика на факултетот за Аудио Визуелни Уметности ЕСРА Скопје, Париз, Њујорк.

Јосифовски е автор на голем број театарски претстави во Македонија, Грција, Турција, Бугарија… со што остварил многу фестивалски гостувања низ целиот свет.Работи музика за филм, документарен филм, анимирани филмови и музика за балет.Во моментов, неговиот ангажман е насочен кон изработка на музика  за нов македонски игран филм.

Во неговиот творечки опус се вброени 12 снимени албуми, како и компилациите со групата „Љубојна“ . Исто така, снимил и два албума со  групата „Фолтин“, повеќе од 20 џез изданија од домашната и светската џез сцена.

Во моментов предава контрабас на Универзитетот во Штип, на академијата „Гоце Делчев“, при факулетот за џез музика.

На предавањето на мастер класот, настапува со еден од најголемите македонски женски пејачки вокали за македонската музика во текот на изминатите 15 години, Вера Милошевска, вокал на групата „Љубојна“. Нејзините пејачки вештини, освен во музиката на „Љубојна“, можат да се сретнат во музиката на бројни македонски филмови, чии композитори се Кирил Џајковски, „Проект Жлуст“ со Џијан Емин, Оливер Јосифовски и други.

Настапувала и снимала музика за театарски проекти, каде што добила награда за најдобра музика на фестивалот „Војдан Чернодрински“, и најдобра музика за претставата „Парите се отепувачка“.

Снимила над 20 музички изданија, носачи на звук, албуми и компилации. Моментално предава македонско традиционално пеење во музичкото училиште „Илија Николовски Луј“.