Поради огромниот интерес, претставата „Ничија земја“ е распродадена

19.08.2017

SHARE

Поради големиот интерес за театарската претстава „Ничија земја“ што ќе го затвори годинешното 57-мо издание на фестивалот „Охридско лето“, се продадени сите билети, информираат од фестивалската дирекција.

„Ничија земја“ во изведба на Македонски народен театар ќе се одигра на просторот од некогашната воена касарна во Охрид, утревечер со почеток во 21 часот.

Сцената е автентична со приказната во претставата бидејќи темата е војна. Самиот простор кај некогашнта касарна што и’ служел на армијата ќе даде дополнителна симболика на случувањата.