Новост

Санирано гледалиштето во предворјето на црквата „Света Софија“

07.07.2018

SHARE

Пред почетокот на годинешното фестивалско издание,  „Охридско лето“ заедно со Општина Охрид и Јавното претпријатие „Градски гробишта“  реализираа успешен проект  за санација на гледалиштето во предворјето на црквата „Света Софија“.

 

Во текот на изминатиот период комплетно беа  заменети  дрвените седишта  на гледалиштето кои беа оштетени од забот на времето.

 

Новиот лик на гледалиштето не само што е добар од естетска гледна точка, туку е важен и од безбедносни причини бидејќи старите и веќе дотраени талпи претставуваа опасност за гледачите.

Предворјето на црквата „Света Софија“ со децении се користи како една од сцените за врвните уметници кои настапуваат на фестивалот „Охридско лето“.