Новост

СЕЌАВАЊЕ: настап на Енио Мориконе на 12.07.2009

06.07.2020

SHARE

Please follow and like us:
Instagram

Свечено отворање

Диригент: Енио Мориконе

Унгарски Филхармониски Оркестар Гјор

Хор на Македонската Опера и Балет

 

Енио Мориконе е роден во Рим на 10 ноември 1928 година. Неговата долга уметничка кариера вклучува широк спектар на композиторски стилови, од абсолутна музика, која што тој секогаш ја компонира, до применета музика, работејќи како оркестратор, но и како композитор за снимање, а потоа и како композитор за театарска музика, радио и телевизија. Во 1946 година, Енио дипломирал труба, а во 1954 дипломирал композиција на конзерваториумот под водство на Гофредо Петраси. Тој ги пишува неговите први концертни дела на крајот на педесетите, потоа работи како аранжер на РАИ (италијанската национална радио-телевизија) и РЦА-Италија, почнувајќи ја својата кариера како композитор на филмска музика во 1961 со филмот „Федералeцот“ , режиран од Лучијано Салче. Светски познат станува со вестерн филмовите на Серџо Леоне: „За грст долари“ (1964), „Добриот, лошиот и грдиот“ (1966), „Беше еднаш на дивиот запад“ (1968). Во 1965 Мориконе се придружува кон групата „Нова Консонанца“. Од 1960 година, Мориконе има напишано музика за преку 450 филмови, работејќи со многу италијански и интернационални режисери (меѓу кои Серџо Леоне, Пјер Паоло Пазолини, Бернардо Бертолучи, Џулијано Монталдо, Лина Вертмулер, Џузепе Торнаторе, Брајан де Палма, Роман Полански, Ворен Бити, Оливер Стоун, Маргарет фон Трота, Педро Алмодовар). Неговите најпознати филмови ги вклучуваат  (освен италијанските вестерни): „Битката кај Алжир“, „Синема Парадизо“, „Легендата за 1900“, „Малена“, „Недопирливите“. Неговата музичка продукција вклучува преку 100 дела компонирани од 1946 до сега. Еве неколку наслови: Концерт за оркестар бр.1 (1957), „Кантата за Европа“ (1988),  „Сенка на далечно присуство“ (1997), „Гласови на тишината“ (2002), „Сичилио и  други извадоци“ (2006), „Празнина на полната душа“ (2008). Во 2001, Енио Мориконе исто така започнува интензивна концертна активност, диригирајќи филмска музика и концертни дела за симфониски оркестар и хор со повеќе од 100 концерти низ Европа, Азија, САД, Централна и Јужна Америка. Во неговата долга кариера, Енио Мориконе е добитник на многу награди. Покрај „Златен лав“ и почесниот Оскар, има добиено 8 награди „Сребрена лента“, 5 награди БАФТА, 5 номинации за Оскар, 7 „Давид ди Донатело“, 3 златни глобуси, 1 Греми награда и 1 награда на „Европски филм“.  Во 2009, претседателот на Франција, Николас Саркози, потпиша декрет со кој го назначува маестро Енио Мориконе како витез на Легијата на Честа. Во полето на звучни записи, Мориконе има добиено 27 златни диска, 7 платинести диска, 3 златни чинии и награда „Дискографска критика“ за музиката на филмот „Ливадата“. Музиката за филмот „Добриот, лошиот и грдиот“ е вклучена во листата за регрутирање на „Греми холот на славата 2009“.