Новост

Сликарот Стефан -Хаџи Николов со самостојна изложба на „Охридско лето“

19.07.2019

SHARE

Please follow and like us:
Instagram

Во организација на фестивалот „Охридско лето“ и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј од Охрид, вечерва во Куќата на Робевци со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложба на сликарот Стефан Хаџи-Николов.

Ова ќе биде 77-ма самостојна изложбва на Хаџи-Николов и осма во Охрид со што, сликарот  го одбележува 30-годишното присуство на охридската ликовна сцена.

На изложбата ќе бидат претставени 40 слики од 3 творечки циклуси на авторот:знаменитостите на Охрид, дела со фигуративна тема и слики од циклусот „Пејзажи на душата“.

Стефан Хаџи-Николов е добитник на 16 награди меѓу кои и државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања за Република Северна Македонија во областа на културата и уметноста како и наградата „13 Ноември“ на град Скопје за долгогодишни високи остварувања во областа на сликарството.

Уметникот Хаџи-Николов  е роден  во Скопје, 1955 година. Педагошка академија- група ликовно воспитување завршил во 1975 година во Скопје.Член е на Друштвото на ликовни уметници од 1984 година.

Неговата изложба на „Охридско лето“ ќе биде отворена за љубителите на сликарството до 31 јули.