Новост

„Смртта на Дантон“ – претстава за револуцијата и во современиот свет

23.07.2018

SHARE

Please follow and like us:
Instagram

Театарската претстава „Смртта на Дантон“ од Георг Бихнер а во режија на Дино Мустафиќ, беше прикажана синоќа во рамките на фестивалот „Охридско  лето“, во изведба на Албанскиот театар од Скопје.

Актерите на сцената ги оживуваа промените и жртвите на Француската револуција. Двајцата истакнати протагонисти во претставата која говори за водењето на државата по Француската револуција, беа претставникот на Жирондинците Жорж Дантон кој го глумеше  актерот Рефет Абази и Роберт Робеспјер од Јакобинците, чија улога ја одигра Луран Ахмети.

Абази, на публиката и’ долови распон од емоции а во текот на актерката игра на сцената совршено ја одигра неговата улога на хедонист предаден кон алкохол, жени и карти. Робеспјер пак, се колне во доблеста, за себе тврди дека има чиста совест, но ги убива сите кои размислуваат поинаку од него бидејќи доблеста мора да владее со помош на терор.

Уникатно во претставата беше конструкцијата што на почетокот, доскорешните револуционери ја користеа за гозба, а потоа претставуваше мост на кој тешко се премостуваат разликите помеѓу Јакобинците и Жирондистите.

Актерите од Албанскиот театар Скопје на претставата и’ дадоа современост и го потенцираа прашањето, дали во време кога економската криза го слабее човекот, кога постојат социјални неправди, кога неолибералниот капитализам безмилосно гази по човечката егзистенција, е возможна револуција.

Галерија: