Новост

Театарската претстава за најмладите, Јованче и Марика, вечерва на Охридско лето

21.08.2020

SHARE

Please follow and like us:
Instagram

Во рамките на драмската програма на „Охридско лето“  вечерва ќе се одржи куклената претстава „Јованче и Марика“ на браќата Грим, поставка на Театарот за деца и младинци од Скопје, а во режија на Давор Драгојевиќ. Претставата за најмладите е со почеток од 20 часот на сцената на Долни Сарај. Улогите ги толкуваат Катарина Илиевска – Силјановска, Марија Ѓорѓијовска, Драган Довлев, Ана Левајковиќ Бошков и Ангела Димитрова. Драматизацијата е на Дарко Ковачовски и Надја Василева, сценограф и костимофграф – Надја Василева, а музичката подлога за претставата ја креираше Љупчо Мирковски.

Јованче и Марика се најпознатите брат и сестра во литературата за деца. Браќата Грим им подариле „вечен” живот. Генерации и генерации растеа со оваа прекрасна бајка која ни ја покажува вистинската љубов помеѓу братот и сестрата, нивната добрина и нивната желба за среќно семејство. Марика е мила, малку плашлива, Јованче е љубопитен, храбар, доаѓаат во ситуација сами да се борат со вештерката, која го маѓепсала нивниот татко. Тука, се преплетуваат светот на фантазијата и реалноста. Најважната порака на оваа бајка е дека и во најтешките моменти треба да веруваш во себе. Дали бајка, во денешниот свет, кога на децата им се нудат најразлични содржини може да опстане? Дали и може да „парира” на современата технологија, на компјутерските игри, нa 3Д анимацијата? Секако дека може и тоа токму во театарот!