Промоција на циклусот од осум книги „ Димитрије Бужаровски – творештво и време“

Факултет за музичка уметност – Скопје во соработка со НУ „Охридско лето“ – Охрид

 

Циклусот од осум книги „Димитрије Бужаровски – творештво и време“ е енциклопедиски авто музиколошки проект кој го претставува богатото творештво од над 170 опуса на еден од најзначајните македонски современи композитори. Осумте книги групирано ги претставуваат делата според следните категории: оперите „Деспина и мистер Докс“ и „Шеќерна приказна“, четирите симфонии и увертира, деветте концерти, трите ораториуми и двете кантати, делата за пијано и две пијана, солистичката и камерната музика, вокалните циклуси и песни и електронската музика. Во над 1700 страници од овие книги е прикажано времето и опкружувањето во кое е настанат овој опус по што следат детални формални, хармонски, полифони и инструментални  анализи. Книгите се придружени со богат фотографски материјал и нотни примери поставени во софтверот Сибелиус во кој е префрлено целокупното творештво на Димитрије Бужаровски.

Богатиот фактографски материјал воедно претставува и мала историја на македонската музичка култура во периодот од средината на минатиот век до денес, и во него се споменуваат многу личности кои му дадоа печат на развитокот на современата македонска музичка култура.

Книгите се издадени во електронско издание и поставени за бесплатно преземање на веб-страницата на Aрхивот Бужаровски (BuzAr), а како издавач се јавува Факултетот за музичка уметност – Скопје. Со промоцијата на целокупното издание на овој редок капитален музиколошки зафат Факултетот за музичка уметност и „Охридско лето“ се вклучуваат во одбележувањето на седумдесеттиот роденден на Димитрије Бужаровски, кој повеќе децении е професор на ФМУ и во два наврати бил и негов декан.

Дејноста на Димитрије  Бужаровски е длабоко поврзана и со фестивалот „Охридско лето“, каде извршувал повеќе значајни функции како – претседател на советот, селектор, член на Управниот комитет на ЕФА итн. На фестивалот, исто така се изведени и повеќе негови дела во кои во повеќето учествувал и како изведувач.

Во рамките на промоцијата ќе биде прикажано видео кое води низ страниците на овие книги дополнето со аудио и видео материјал од изведбите на делата за кои се говори.

Дата

08 Авг 2022
Expired!

Време

20:00

Категорија

дополнителна програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *