BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-4ca987e02bbbf558114f8c0633e2c7ac@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20230712T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20230712T220000
DTSTAMP:20230609T111144Z
CREATED:20230609
LAST-MODIFIED:20230711
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Свечено отворање на фестивалот Охридско лето
DESCRIPTION:Анџела Георгиу – сопран\nОркестарот на Националната опера и балет, Македонија\nКонцерт мајстор: Верица  Ламбевска\nДиригент:  Чипријан Теодорашку\n \nАнџела Георгиу – сопран\nАнџела Георгиу која дневниот весник „Њујорк Сан“ ја нарекува „најгламурозната и најталентирана оперска ѕвезда на денешницата“,  е родена во малиот град Аджуд во Романија. Уште од најмала возраст било очигледно дека ќе биде оперска пејачка и нејзината судбина била предодредена да биде музиката. Учела во музичката гимназија во Букурешт, а дипломирала на Националниот универзитет за музика во главниот град на Романија во класата на Миа Барбу. Прекрасниот глас,  и неверојатна сценска појава и овозможуваат на Анџела Георгиу да се прослави како уникатна интернационална оперска супер ѕвезда.\nДебитира на меѓународната оперска сцена во 1992 година во Лондонскиот „Ковент гарден“ како Мими во операта „Боеми“, по што следи и деби во Виенската опера, а и во Њујоршката „Метрополитен“ опера во 1993 година. Во „Ковент гарден“ премиерно ја пее улогата на Виолета Валери во „Травијата“ во 1994 година кога за прв и последен пат во историјата на ТВ и оперските преноси телевизиската куќа Би-Би-Си ги откажа сите програмски активности за да пренесува опера во живо. Од  тогаш па до денес, Георгиу настапува на светските оперски сцени изведувајќи ги главните ролји во оперите „Боеми“, „Травијата“, „Ромео и Јулија“, „Палјачи“, „Љубовен напиток“, „Симон Боканегра“, „Тоска“, „Фауст“, „Кармен“, „Туранодт“,„Вертер“, „Адријана Лекуврер“ и многу други.\nНејзините снимки се на носачи на звук на дискографските куќи  Ворнер и Еми класикс, Дека и др.  За уметничките достигнувања наградувана е со бројни награди и признанија меѓу кои и специјални награди од француската влада, медал од романскиот крал Михаел I, Европската културна награда за музика, повеќе пати е добитничка на награди од магазинот „Грамофон“, два пати е прогласена за Уметничка на годината на БРИТ наградите за класична музика.\nНа филмското платно ја игра насловната улога во екранизацијата на операта „Тоска“ во режија на Беноа Жако, филм кој добива одлични критики од меѓународната критика, и е премиерно прикажан на филмскиот фестивал во Венеција во 2001 година. Ја толкува и улогата на Јулија, во филмската адаптација на операта  „Ромео и Јулија“.\nНејзините настапи на гала настани ги вклучуваат отварањата на Кралската оперска куќа во Лондон и во Венеција (по нивните реновирања) во 1999 и 2001 година. Во 2002 година настапува на златниот јубилеј на кралицата Елизабета во Бакингемската палата и на нејзиниот дијамантски јубилеј, на концертот за доделување на Нобеловата награда во 2003, на концерт за папата Јован Павле II во дворецот Гандолфо, на отворањето на Палатата за уметности Кралица Софија во Валенсија во 2005 како и на сребрениот јубилеј за холандската кралица Беатрикс во Амстердам. Во 2011 година настапува на гала концертот за повторното отворање на Бољшој театарот во Москва, како и на настанот за отворањето на Амфитеатарот „Катара“ во Доха каде изведува дело специјално напишано за неа од грчкиот композитор Вангелис. Привилегија да го затвори спектакуларниот фестивал „Би-Би-Си Промс“ има дури три пати во 2003 во „Ројал Алберт Хол“, и во 2000 и 2006 година на големата сцена на отворено во лондонскиот Хајд Парк.\nВо 2018 година излегува од печат нејзината автобиографија „Анџела Георгиу: живот за уметноста“ напишана заедно со Џон Толански.\nВо 2021 година Георгиу настапува на концерт кој има за цел да им помогне на музичарите од операта „Метрополитен“ во кризата која настапи поради откажувањето на настаните како резултат на пандемијата од Ковид19. Повеќе од 150 музичари добија финансиска помош како резултат на овој нејзин гест.\nВо 2022 година беше одбележана и 30 годишнината од нејзиниот прв настап во Ковент Гарден во Лондон, со реприза на претставата „Тоска“ која беше одлично оценета од професионалната критика.\nВо оперската историја Анџела Георгиу се смета за редок феномен. Таа не само што е исклучителна пејачка и глумица, туку нејзината неверојатна вокална техника и музичка интелигенција придонесуваат кон тоа  таа да има магнетска привлечност на сцената која привлекува публика низ целиот свет.\n \nЧипријан Теодорашку – диригент\nРоманскиот диригент Чипријан Теодорашку дипломира на Националниот универзитет за музика во Букурешт, а потоа започнува богата уметничка кариера во Националната опера во Букурешт, а настапува и надвор од родната земја. Неговиот репертоар вклучува повеќе од 40 оперски и балетски наслови, како и мјузикли и дела од вокално-инструменталната литература. Соработувал со истакнати уметници како: Анџела Георгиу, Алберто Риналди и балетските играчи Алина Кожокару и Стивен Мекре на турнеи во Шпанија, Германија, Јужна Кореја и Белгија.\n \nПрограма:\n \nЏ. Верди: Увертира од операта „Моќ на судбината“\nФ. Чилеа: „Del sultane amurate… Io son l’umile ancella“ од операта „Адријана Лекуврер “\nЏ. Пучини: „In quelle trine morbide” од операта „Манон Леско“\nА. Хачатуријан: „Адаџо и валс“ од балтеот „Спартак“\nЖ. Бизе: Увертира и хабанера од операта „Кармен“\nС. Прокофјев: Извадоци од балетот „Ромео и Јулија“\nЏ. Пучини: „Donde lieta usci” од операта „Боеми“\nЏ. Пучини: „Un bel di vedremo” од операта „Мадам Батерфлај“\nШ. Гуно: „Валс“ од операта „Фауст“\nА. Каталани: „Ebben ne andro lontana” од операта „Ла Вали“\nЈ. Брамс: Унгарски танц број 5\nЕ. де Куртис:  Non ti scordar di me\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/svecheno-otvorane-na-festivalot-ohridsko-leto/
LOCATION:Антички театар Охрид
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/angela-georgiu.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
