BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-6a59767ffedbb0c50130b5f43340d816@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20230714T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20230714T220000
DTSTAMP:20230609T113410Z
CREATED:20230609
LAST-MODIFIED:20230626
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Американска вечер  Театарска претстава: „Бикот на Фаларис“
DESCRIPTION:Театарска претстава- монодрама \n„Бикот на Фаларис : Решавајќи ја загатката на чудесниот голем свет ( и нашата болка станува убавина)“\nНапишана и изведена од Стивен Фридман\n \nЕдна од најубаво прикажани филозофски лекции на која е добро да се присуствува   е напишана и испорачана од Стивен Фридман, со самоопишаниот  „Подарок на умот“. Тој е поет сликар, автор, учител, и молекуларен биолог, но во суштината тој трага по одговорот на најголемите прашања за да извлече убавина од болката. Текстот, пренесен топло и духовито, е дел од автобиографија, делумна медитација, делумно упатство и делумно инспирација со длабоко потенцирање  на афоризмите, кои се алтернативно густи, елементарни, предизвикувачки и откривачки.\nКако молекуларен биолог образован на Харвард, визуелен уметник и провокативен визионер и филозоф, Стивен Фридман има одговори на големите животни прашања. Користејќи го личниот наратив, поезијата, уметноста и науката испорачува перформанс кој ја рефлектира неговата призматична, трансформациска и длабоко утешна визија за светот. Фридман нуди решение за светската болка базирана не само на верувањето и верата туку и логичната строгост- филозофија која започнува од приказната на  Киеркегард, за античка направа за измачување, бикот на Фаларис, кој ужасните звуци на болката ги претвора во музика.\nБикот на Фаларис или таканаречениот бронзен бик е справа за мачење и направа за извршување на погубувања осмислена во Стара Грција. Според записите на Диодор Сицилиски, Перил од Атина го осмислил и го предложил бронзениот бик како справа која тиранинот Фаларис од Сицилија би ја користел за погубување на криминалците. Бикот целосно бил направен од бронза, шуплив одвнатре со вратичка отстрана. Бикот бил со облик и големина на жив бик и имал вграден звучен апарат кој вресоците ги претворал во бревтање. Oсудените биле заклучувани во бикот и се палел оган под справата, кој го загревал металот а личноста – жива, во внатрешноста се печела до смрт.\nФаларис заповедал да се осмисли бик на таков начин што чадот кој излегувал од него да мириса на парфем. Главата на бикот била осмислена со сложен систем на цевки и прегради кои обезбедувале вресоците да бидат претворени во звуци кои наликувале на збеснат бик. Според легендата, кога бикот ќе се отворел, изгорените коски на погубениот „светеле како накит и од нив биле правени алки “.\nПерил му кажал на Фаларис: „Неговите вресоци ќе излезат низ цевките како најнежните, најбедните, најмелодичните крици “. Згрозен од овие зборови, Фаларис наредил овој звучен систем да се примени на самиот Перил. Кога Перил влегол веднаш бил заклучен и запален бил огнот под бикот, за да може Фаларис да ги чуе неговите вресоци. Пред да почине Перил, Фаларис ја отворил вратата и го извадил од бикот. Перил верувал дека ќе добие награда за својот пронајдок, но наместо тоа по ослободувањето од бикот Фаларис го фрлил од врвот на ридот, убивајќи го. За Фаларис се верува дека и самиот бил погубен во бикот кога бил симнат од власт од Телемах, предокот на Терон.\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/teatarska-pretstava-bikot-na-falaris/
LOCATION:Предворје на Св. Софија
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/stiven-f.-scaled.jpeg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
