BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-e620a25ae37b9a8ba0362d5f02343161@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20230715T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20230715T210000
DTSTAMP:20230609T113935Z
CREATED:20230609
LAST-MODIFIED:20230711
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Романска вечер  ФАМЕ’С европски оркестарски изведувачки институт; Ирина Мурезану – соло виолина, Романија
DESCRIPTION:,,Fames” Oркестар, Македонија\nИрина Мурезану – соло виолина, Романија\n \nФАМЕ’С европски оркестарски изведувачки институт\nФАМЕ’С европскиот оркестарски изведувачки институт претставува музички образовен центар кој што е создаден во рамките на компанијата ФАМЕ’С која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Организиран во објектот и професионалното студио на ФАМЕ’С во Скопје, центарот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност, наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа.\nОвој проект е дел од програмата за Пан-Европски културни ентитети  (CREA-CULT-2021-PECE), поддржан од Европската Унија.\nКреирајќи професионална и оригинална оркестарска и музичка содржина, преку различни дигитални платформи, проектот се стреми и кон развој на нова публика, пренесувајќи ги искуствата и културниот диверзитет на европското музичко наследство.\nГлавен фокус Институтот има кон делувањето на оркестарот кој работи во полето на класичната, хибридната, филмската музика и професионално снимање на оркестарска музика. Фаме’с Институтот беше домаќин на голем број млади музичари од различни земји од Европа (земји учеснички во програмата Креативна Европа) како и врвни музички уметници кои ги раководеа активностите на оваа програма. Меѓу нив, ќе ги забележиме и имињата на диригентот Тимоти Редмонд, Колсимча бенд, Оливие Труан, Алистер Кинг, Луис Иварс, Франческо Тристано, Роб Мазурек, Бенџамин Шварц, Куареим Квартетот, Оливие Дежурс, Етијен Аблеин, Габриел Прокофјев, Игор Корети, Емили Дејвис и Ирина Муресану.\n \nИрина Муресану-виолина, уметничко водство\nВиолинистката со романско потекло Ирина Муресану е лауреат и победничка на повеќе престижни натпревари за виолинисти како Меѓународниот натпревар во Монтреал, натпреварот „Кралица Елизабета“, натпреварот  на Универзитетот во Јужна Африка (УНИСА),  меѓународниот натпревар во Вашингтон, натпреварот во „Шадт“ во Алентаун и др. Муресану е на сцената од рана возраст, добивајќи одлични критики што придонесува таа да се развие во исклучителен солист, настапувајќи со рецитали и како камерен музичар. Неодамна на Муресану и е доделена престижната „Фулбрајт“ стипендија од страна на Универзитетот во Мериленд како и грантот „Ж. Енеску“ од Романскиот културен институт со што се признава нејзиниот труд и се финансираат истражувања во „Градот на музиката“ во Париз посветени на проектот „Бесконечни жици“ – платформа посветена на промовирање на Романската музика за виолина создадена во последните 150 години.\nИрина Муресану е барана како солист на двете страни на Атлантикот, како и во САД, Европа, Канада, Азија и Јужна Африка, а нејзините специфични програми кои се тематски конципирани придонесуваат да биде подеднакво активна на концертните платформи, како солист и камерен музичар.  Таа е член на Бостонското камерно трио од 2001 година, а настапувала на бројни фестивали во САД, Холандија, Белгија, Франција и др. Муресану е посветена и на изведбата на дела од современата музичка литература, од кои голем дел се напишани токму за неа. Нејзините изведби се запишани на носачи на звук на повеќе интернационални издавачки куќи.\nИрина Муресану е професор на Универзитетот во Мериленд, а била дел од професорскиот кадар на Конзерваториумот „Беркли“ како и на Харвард и МИТ. Носител е на престижната Диплома за уметност и титула доктор на музичка уметност од Конзерваториумот „Њу Ингланд“ каде студирала со легендарниот француски виолинист Мишел Оклер.\n \nПрограма:\n \nП. Десен: Пајаро- Гуарача за ансамбл виолончела/баси\nМ. Де Фаља: Шпански танц аранжман за ансамбл виоли ( Шпанија)\nД. Флин: Најдолгиот котур за ансамбл виолини (Ирска)\nГ. Динику: Хора Мартисоролуи (Романија)\nЏ. Рутер: Свита за гудачи на британски народни песни (Англија)\nЈ. С. Бах/ Сарчич: Чакона аранжман за виолина и гудачки квартет (Германија)\nР. Вали: „Funebre” од Четири ставови за гуачки квартет и гудачки оркестар (Иран)\nК. Рустом: „Дабке“ (Сирија)\nВ. Фунг: Пицикато за гудачки оркестар (Кина)\nА. Пјацола: Зима од „Четири годишни времиња во Буенос Аирес“ (Аргентина)\nМ. О Конор: Пролет од  „Американски годишни времиња“  (САД)\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/fames-orkestar-makedonija-irina-murezanu-solo-violina-romanija/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/kolaraac-2.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
