BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-790ed1befbc24b257db60ed066b6d3cb@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20230719T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20230719T210000
DTSTAMP:20230609T120156Z
CREATED:20230609
LAST-MODIFIED:20230711
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Концерт посветен на флејтистот Илија Зимбо
DESCRIPTION:ПИЈАНО ТРИО – обоа, фагот и пијано \nСоставено од тројца етаблирани музичари: Татијана Петрушевска – Караскаковска – прва обоа во оркестарот на НОБ, Марјан Милошевски – прв  фаготист во оркестарот на НОБ и професор по фагот на ФМУ и Петар Макариевски – пијано, уметнички соработник при ФДУ, ова трио ги здружи своите сили во 2014 г.\nСите остварени и потврдени уметници на своите инструменти, поттикнати од желба за истражување на нови композиции и зголемување на својот репертоар, како и од потребата за камерно музицирање со формирањето на овој ансамбл, започнуваат со истражување на репертоар од различни епохи и композиции кои бараат виртуозност во изведбата и се предизвик за изведување.\nТриото својот прв настап го имаше на концертот  и промоцијата на ЦД  во чест на флејтистот Илија Зимбо во Скопје. Следуваат концерти во скоро сите градови во Македонија, како и во Нови Сад во годината кога овој град беше Европска престолнина на културата. Во 2022 година македонските композитори Вања Николовски-Ѓумар и Филип Иванов,напишаа дела  специјално за Пијано Трио , кои својата светска премиера ја имаа на Фестивал на камерна музика во Нови Сад. Во ноември 2022 година Триото настапи со програма од рецитали на фестивалот „Есенски музички свечености“ со дела од светската литература, а во 2023 година композиторите  Костадин Делиниколов и Горан Начевски посветија свои композиции  на Триото, кои имаа светска премиера на ДММ 2023 г.\nОна што го карактеризира Триото како состав се: истенчен, моќен звук, интерактивност,\nпрецизност во изведбата,индивидуалност и виртуозност на музичарите.\n \n Татијана Петрушевска – Караскаковска-обоа \nРодена е во Куманово, Tатијана Петрушевска – Караскаковска започнува да учи обоа во МБУЦ во Скопје во класата на проф. Васил Атанасов, а дипломира на ФМУ во класата на проф. Киро Давидовски.  Во 2015 година магистрира со највисока оцена во класата по обоа на проф. м-р Гордана Јосифова – Неделковска. Уште како студент активно учествува во  камерни состави, ги формира Дувачкиот Квинтет „Арт“ и Камерното студио „Бахус“ со кои  остварува бројни концертни настапи, хонорарно соработува со Филхармонијата на Р. Северна Македонија  и со Оркестарот на МОБ. Како уметник кој секогаш трага по нови програмски предизвици, започнува соработка со „Опера трио“ во  состав:  обоа, кларинет, фагот, како и „Пијано трио“ во состав:  обоа, фагот и пијано.\nСоработува со повеќе ансамбли за современа и барокна музика, а остварува  и аудио и видео записи за МРТВ. Вo 2010 година го издава  своето прво самостојно ЦД, а во 2018 година со „Опера трио“ го издава носачот на звук со наслов „Звукот на трските”. Исто так, нејзини изведби се ставени и на други носачи на звук, како солист и во рамките на различни ансамбли. Соработува и во Нишки симфониски оркестар, оркестрите на Операта на ХНК „Иван Племенити- Зајц” во Ријека и ХНК Сплит, а присутна е и на сите значајни фестивали во  С. Македонија. Настапувала  со Филхармонијата на Р. Северна Македонија на „Риечки летни ноќи“, на „Сплитско летo“, а гостувала во Бугарија, Романија, Србија, Грција, Украина, Хрватска, Португалија.  Во моментот работи како прва обоиска во Оркестарот на НОБ.\n \nМарјан Милошевски -фагот\nМарјан Милошевски музичкото образование го започнува уште од најмлада возраст свирејќи хармоника до својата 14 година, за подоцна во средното музичко училиште да започне да учи фагот. Студиите ги продолжува на ФМУ во Скопје во класата на проф. П.Трајковски, каде и магистрира во 2003 година. За време на студиите настапува со факултетскиот оркестар, но и со рецитали и концерти на камерна музика, а како еден од најдобрите студенти во инструменталната класа во два наврати е одбран да настапува со Филхармонијата на Република Северна Mакедонија.\nПрвите професионални чекори ги остварува со  камерниот оркестар за модерна музика „Света Софија“ со кој настапува на фестивалите „Охридско лето“ и  „Денови на македонската музика“.\nНабргу станува и член на Националната опера и балет во Скопје, а во 2000 година гостува во Операта во Тирана, Албанија.\nНа Мајсторската школа во Дубровник 2002 година станува еден од членовите на оркестарот за современа музика „Сонемус“ со кој има остварено бројни концерти на Балканот, но и во други европски центри. Во 2004 година Милошевски ја основа музичката работилница „Ад Либитум“ во чии рамки работат дрвен дувачки квартет и квартет фаготи, а негови партнери при изведбата на рецитали се пијанистите:  Марија Вршкова, Сара Пројковска и Петар Макариевски.\nТој е активно соработник на повеќе камерни состави како:  Трио „Аура, „Опера трио“, Дувачки квинтет при МОБ, „Сонорис“ Ансамбл за современа музика, Ансамбл „Контемпора“, „Пијано трио“, „Ба-Рок“ ансамбл и други. Освен во С. Македонија настапувал и во Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Швајцарија, САД, Бугарија, Русија,Израел.\nМоментално е вработен во НОБ како прв фаготист и редовен професор по фагот и камерна музика при ФМУ во Скопје .\n \nПетар Макариевски-пијано\nПетар Макариевски е роден во Скопје. Во 2001 година дипломира на Факултетот за музички уметности во Скопје во класата на проф. Јасминка Чакар.  Од 2001- 2003 година посетува магистерски студии по пијано на Државната музичка академија во Софија, Бугарија, во класата на проф. Антон Диков. Во 2011 година добива асистентско место на Државниот универзитет во Атланта, САД , таму паралелно завршува уште еден циклус на магистерски студии по пијано во класата на проф. д-р Серџо Гало. Во текот на престојот во Атланта, Макариевски активно настапува со солистички концерти, камерна музика и работи како хонорарен – пијано соработник на истиот Универзитет. Како лауреат на натпреварот за инструментални концерти во Атланта настапува како солист со повеќе оркестри кои му носат позитивни одгласи од музичката критка.\nМакариевски активно настапува и во С. Македонија. Во 2005 година заедно со пијанистката Весна Ангелова го формираат камерното пијано – дуо Ангелова/Макариевски. Истата година  формираат дуо со реномираната  Татијана Петрушевска – обоа. Во 2014 година заедно со обоиската Татијана Петрушевска и фаготистот Марјан Милошевски формираат „Пијано трио“со кое остваруваат забележителни настапи во земјата и странство. Во 2022 година на покана на реномираната македонска пијанистка Марија Вршкова,камерното пијано дуо Ангелова/Макариевски се приклучуваат и формираат ансамбл за шестрачно пијано. Настапувал и како солист со Филхармонија на Р.Северна Македонија,  а со солистички и камерни  концерти настапувал  во Бугарија, Србија, Хрватска, Косово, Германија, САД.\nМакариевски работел како педагог и пијано соработник во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“, како хонорарен корепетитор во МОБ; официјален пијано соработник на Меѓународниот натпревар во Приштина; асистент по пијано на Државниот универзитет во Атланта во САД, и како хонорарен уметнички соработник на ФМУ –Скопје. Во 2019 година се вработува на Факултетот за драмски уметности  како уметнички –  пијано соработник а од 2022 година работи како хонорарен професор по пијано во приватното музичко училиште „Пијанофорте“.\n \nПрограма: \n \nМ. Блаве:  Соната “La Vibray” оп. 2 бр. 2\nLa Vibray. Andante\nAllemanda. Allegro\nGavotte. Les Coquets\nSarabanda. Largo\nAllegro\n \nФ. Пуланк: Соната за обоа и пијано\nÉlégie\nScherzo\nDéploration\n \nК. Сен Санс: Соната за фагот и пијано оп. 168\n Allegro moderato\n Allegro scherzando\n Molto adagio / Allegro moderato\n \n-пауза-\n \nМ. Глинка: „Патетично трио”\nAllegro moderato\nScherzo. Vivacissimo\nLargo\nAllegro con spirito\n \nФ. Пуланк: Трио за обоа, фагот и пијано\nPresto\n                                Andante\n                                Rondo   \n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/konczert-posveten-na-flejtistot-ilija-zimbo/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/zimbo-scaled.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
