BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-580274a213455c56684ab9f6e7a9995a@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20230728T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20230728T210000
DTSTAMP:20230609T150412Z
CREATED:20230609
LAST-MODIFIED:20230711
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:ЕУ вечер
DESCRIPTION:Пабло Бараган-кларинет\nРоден во Андалузија, а со адреса на живеење во Берлин, Пабло Бараган од секогаш огромно значење придавал на интеракцијата помеѓу музичарите за време на заедничкото музицирање, сметајќи дека токму таа симбиоза помеѓу нив е идеалот при интерпретацијата на музичките дела. Од оваа појдовна точка тој ги креира своите соло настапи со оркестар кои помеѓу другите ги вклучуваат Симфониските оркестри во Базел и Хамбург, Симфонискиот оркестар на Шпанската РТВ, Словачката филхармонија, но така ги гради и соработките во светот на камерната музика кои ги реализира на фестивалот „Шлезвиг-Холштајн“,  Интернационалниот фестивал „Моливос“ или фестивалот на Марта Аргерич на кои меѓу другото настапува со пијанистите Данае Доркен, Софи Пачини, виолинистката Ноа Вилдшут, виолончелистот Киан Солтани и квартетот „Шуман“.\nВо сезоната 2022/23 Бараган настапува со Словачката филхармонија, со камерниот оркестар „Франц Лист“, со филхармонијата на Баден Баден, „Брукнер“ оркестарот во Линц и Камерниот оркестар во Келн, додека пак од неговите камерни настапи сезонава се издвојуваат пет концерти на Фестивалот „Мекленбург – Форпомерн“ каде ќе настапува со селекторката на програмата Ноа Вилдшут, како и со други истакнати камерни музичари како Тимоти Ридаут, Џулија Хаген, Стивен Вартс и Тобиас Фелдман. Од особено значење годинава е неговото деби во лондонскиот „Вигмор Хол“  каде ќе го изведе Квинтетот за кларинет  од Ј. Брамс заедно со квартетот „Шуман“. Следат настапи и со квартетите „Модиљани“, со триото „Ситковетски“ и со квартетот „Кремона“.\nНастапите го водат Пабло Бараган низ Европа и Јужна Америка каде настапува на фестивалот во Картагена (Колумбија), но и во Сао Паоло, Лима и  Буенос Аирес каде настапува под закрила на Интернационалниот фестивал од Ерусалим.\nПабло Бараган студира на конзерваториумот во Севилја во класата на Антонио Салгуеро, а се усовршува кај Матиас Гландер на академијата „Баренбоим-Саид“ во Севилја. Се стекнува со непроценливо искуство свирејќи во оркестарот „Запад-Исток“ основан од Даниел Баренбоим. Во 2011 година е добитник на наградите на Музичката младина на Шпанија како и Европската награда за млади музичари. Во 2012 година е лауреат на АРД натпреварот во Минхен, во 2013 ја добива наградата на Кредит Свис за млади солисти и настапува на фестивалот во Луцерн. Од 2020 година Бараган е предавач на академијата „Баренбоим-Саид“ во Севилја и одржува мајсторски курсеви на Фестивалот во Трентино.\nПабло Бараган е ексклузивец на компанијата за изработка на кларинети „Бакун“ и свири на модел на кларинет „Бакун Лумиер“.\n \nЕлоиз Бела Кон-пијано\nЕлоиз Бела Кон е редовно застапена на некои од најзначајните фестивали и концертни подиуми во Франција како театарот „Шанзелизе“,  салата „Гаво“, аудиториумот на музејот „Орсај“, салата на француското радио, фестивалот „Рок Антерон“, фестивалите во Лил, Тулуз, Руен, како и на интернационалниот фестивал во Акс ен Прованс.\nРодена во Париз во 1991 година, Елоиз Бела Кон го започнува музичкото образование на четири годишна возраст во школата „Јамаха“, а продолжува  да студира на Парискиот конзерваториум со Мишел Бероф, Ерик ле Саж, Давид Фре и Пјер-Лорен Аимар. Се усовршува на Универзитетите во Фрајбург и Виена со Лилја Зилберштајн. За време на студиите посетува мајсторски класови  кај Алдо Чиколини, Дмитри Башкиров, Томас Адес, Роберт Левин, Кристијан Закаријас и Андраш Шиф.\nВо 2016 година Бела Кон се закити со наградата за Млад уметник на годината од списанието „Дијапазон“, а од 2018 година е и официјален уметник под закрила на брендот „Јамаха“ а овие две признанија како и длабочината на нејзината музикалност ѝ  помагаат нејзината кариера да се придвижи во нагорна линија. Заедно со виолинистот Кристоф Конц го основа фестивалот  „Европски денови на музиката“ во Хајделберг, а како солист и камерен музичар настапува на престижните концертни подиуми како што се: филхармонијата во Берлин, виенскиот „Концертхаус“ и „Музикферајн“, „Концертгебау“ во Амстердам, „Моцартеум“ во Салцбург… Сцената ја дели со признати оркестри и диригенти, а нејзини партнери во камерната музика се: Даниел Отензамер, Ноа Бендикс -Балгли, Силвија Кареду, Софи и Феликс Дерво, солистите на Виенската и Берлинската филхармонија како и Нобуко Имаи, Арабела Штајнбахер, Рено Капусон, Емануел Тјекнаворијан, Ајлен Притчин, Филип Беро, Мишел Портал и Ерик Ле Саж.\nЗа нејзините три албуми добитничка е на наградите „Шок класика“ и  „Златен дијапазон“ и награда на музичките критичари на Франција.\n \nПрограма:\n \nА. Месажер: Конкурсно соло\n \nИ. Албениц: „Севиља“ (аранжман Крајслер/Бараган)\n \nФ. Пуланк: Соната за кларинет и пијано\nAllegro tristamente \nRomanza \n Allegro con fuoco \n \n-пауза –\n \nМ. Де Фаља и И. Албениц: Избор на песни\n \nА. Вебер: Гранд дуо кончертанте оп. 48\nAllegro con fuoco\nAndante con moto\nRondo, Allegro\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/eu-vecher/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/eu-spain-scaled.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
